Сексуалноста во древниот Рим

Во древниот Рим, немало смисла да се дели населението врз основа на различни сексуални ориентации: хетеросексуалци, хомосексуалци и бисексуалци не биле значајни категории. Наместо тоа, постоеле јасни поделби врз основа на улогите преземени за време на физичкиот чин: да се биде активен или пасивен, ова била вистинската разлика.

За мажот, во едно длабоко шовинистичко општество, да претрпи пенетрација или да изврши орално задоволување на жена или на друг маж, било озлогласено. Пасивните улоги ги исполнувале жените и мажите од понизок ранг, кои навистина не му недостасувале на царскиот Рим: робови и робинки, проститути и проститутки и сите оние што биле слободни, но се сметале за озлогласени за вршење на активност која се сметала за неморална, како на пример онаа на актер или актерка.

Како што минувале вековите, ригидниот морал што црпел инспирација од mos maiorum[1] ја изгубил својата ефикасност, а физичкиот интегритет на римскиот човек бил сè повеќе нарушен. Римскиот поет Квинт Хорациј Флак напишал: „Graecia capta ferum victorem cepit“[2] (освоената Хелада го освоила дивјакот освојувач), а Римјаните од Хелените го асимилирале тој вкус за животните задоволства, меѓу кои и она што го нарекле „хеленски порок“, хомосексуалната практика со млади ефеби, она puer delicatus[3], адолесцент со речиси женствена убавина, кој не само што ги задоволувал сексуалните апетити, туку бил и нежно сакан.

Римскиот поет Марко Валериј Марцијал напишал: „Го разбирам Невио, боли твојот анус и боли пенисот на твојот мал роб. Не сум гатач, но разбирам“. Не било невообичаено некои мажи да чуваат дома, заедно со робовите, конкубин со долга, миризлива коса, со кој можеле да го делат креветот. Доаѓањето на сопругата ставало крај на идилата, дури и ако од зборовите на Марцијал разбираме дека понекогаш престојот на конкубинот во домашните ѕидови опстојувал, со можност тој да има сексуални односи со жените од куќата, можеби дури некои и да ги оплоди.

Младите момчиња вооружени со големи надежи масовно доаѓале од сите провинции на империјата за да стигнат до раскошниот Рим, но за многумина од нив продажбата на нивните тела за малку пари била единствената можност, а еден графит во Помпеја горко го потврдува тоа: „Исидоро се нуди за два асова“, „Меандер со добар карактер, за два асова од бронза“. Ваквите ниски цени биле симптом на големата конкуренција што постоела и следствено на големиот број машки проститутки. Евнусите биле многу барани меѓу богатите класи и тие се однесувале со иста ароганција како кон куртизаните. Нивните женствени физички карактеристики, нивниот глас, нивната сексуална активност, поврзана со неможноста да имаат деца, ги направиле совршени момчиња-играчки, како што ни вели Марцијал: „Сакаш да го запознаеш Паникио, зошто околу здолништето на твојата Гелија има само кастрати? Се плаши од бабицата, ги обожава гревовите“.

Ширењето на евнусите во домот на богатите Римјани достигнало неконтролирани размери. Младите робови биле омаловажувани и продавани на пазарите по многу високи цени, со оглед на сè поголемата побарувачка. За да ја направи сивата трговија помалку интересна, царот Домицијан интервенирал со закон забранувајќи ја кастрацијата и им наметнал ограничување на продажните цени на овие несреќници.

Дури и аристократските жени сексуално ги злоупотребувале робовите од домот и се обидувале да го надминат сексуалното незадоволство, искористувајќи ги привремените или долготрајните отсуства на нивните сопрузи за да имаат сексуални односи и удобност во својот дом со млади љубовници. Ги преполнувале и лоѓите на театрите; штом завршела претставата, тие тргнувале во потрага по својот омилен актер, барајќи ја неговата прегратка или, алтернативно, како демонските фетишисти, барем неговата маска или неговата долна облека.

[1] Непишан правилник од кој старите Римјани ги црпеле своите општествени норми.
[2] Целосната изрека е „Graecia capta ferum victorem cepit et artes intulit agresti Latio“ односно „Освоената Хелада го освоила дивјакот освојувач и ја донела уметноста во суровиот Лацио“.
[3] Момче деликатес, во буквален превод.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе