Села: Нема избори без ОБСЕ-ОДИХР

Република Северна Македонија не може да си дозволи да одржи избори без присуство на наблудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, изјави претседателот на Алијансата за Албаците, Зијадин Села, по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски.

Пред новинарите, Села истакна дека на овој состанок со лидерите на политичките парти и претседателот опширно дискутирале за ситуација со COVID-19 и заедно се договориле датумот на изборите да го одредат со консензус.

– Државата ќе се обрати до оваа меѓународна институција за да ја види нивната подготвеност и времето кога тие може да ја пратат нивната набљудувачка мисија. Истовремено, потребни се советувања со Државната изборна комисија, во врска со изборите. Во почеток на идната недела се договоривме да имаме нов состанок кај претседателот со цел да се договориме за финалната дата за изборите заедно и со консезус, изјави Села.

На новинарско прашање, Села додаде дека освен здравјето на граѓаните треба да се има предвид и здравјето на државата и општеството. Според него, неопходно е да се воведе парламетнарна демократија и избори мора да има.

– Верувам дека секој политички актер треба да има предвид дека на избори треба да се оди кога опасноста од вирусот е сведена на минимум. Според податоци и анализи од некои експерти, тоа е период кога температурите се високи. Но, за оваа треба да се изјасни и Комисијата за заразни болести, изјави Села.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, исто така наведе дека со оглед на фактот дека тие како партија се во коалиција со Алијанса за Албаците, нивните ставови во средбата кај претседателот биле слични, односно тој потенцираше дека најбитно е здравјето на граѓаните и дека изборите треба да се одржат кога ќе има најдобри услови со цел што помалку граѓани бида изложени на опасности.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе