Села: Заев треба да го истера мандатот до крај или да распише предвремени избори

Доволна причина за да има предвремени парламентарни избори е „недостигот на легитимитет на власта“, изјави денеска претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на последната средба со новинари за ова календарска година, додавајќи дека 2021 е „година на скандали на Владата“ и тие како опозиција секогаш се тука за да прават сѐ за да падне власта.

– Главните актери во власта немаат легитимитет. Ковачевски нема легитимитет, бидејќи тој што победи на изборите беше Заев, а не Ковачевски, за да може да биде мандатар за формирање Влада. Зборот на Заев е даден пред јавноста и тој треба или да продолжи до крај ако може, или да распише избори. Али Ахмети и ДУИ, исто така, немаат легитимитет да бидат дел од таа власт. Дојдоа со ветувањето дека ќе има премиер Албанец, а сега по втор пат гласаат премиер Македонец. Зошто не го гласаат Насер Зибери, сега е моментот. Политичката партија која во првите 100 дена не ги исполнува дадените ветувања, од тој момент го губи легитимитетот. Африм Гаши и Алтернатива немаат легитимитет, бидејќи имаат добиено гласови заедно со Села и Алијансата за да донесат промена во албанското општество и да ја пратат ДУИ во опозиција, рече Села.

Според него, треба да се формира преодна Влада, која „од институциите ќе ги искорени партиските службеници, кои се таму за да придржуваат криминалци, за да заплашуваат граѓани и да купуваат гласови“, и по една година, во октомври, да се одржат избори.

– Целта е за оваа една година граѓаните бидат ослободени и слободно да ја искажат нивната волја со глас за која политичка партија сакаат, истакна Села.

Одговарајќи на новинарско прашање за коалицијата на Алијансата за Албанците со ВМРО-ДПМНЕ на локано ниво, односно за Скопје, Села посочи дека сѐ уште траат преговорите за тоа кои сектори во Град Скопје ќе ги водат кадри на неговата партија.

– До овој момент Алијансата за Албанците ќе предводи со две директорски места и три заменици директори. Воедно и директорски места во средни училишта. Алијанса за Албанците ќе се грижи да се зачува нивото на застапеноста на Албанците на Скопје и да се унапреди, посочи Села.

Тој најави дека „фамозниот проект“ ветен од страна на поранешниот градоначалникот за експресна автобуска линија до Порта Влае, ќе продолжи до Сарај.

– Дел од предговорот беше и да се решат имотно правните работи и надоместокот на неколку жителите на село Рашче, од каде цело Скопје се снабдува со вода. Шпекулации се најавите дека албанските населените места се исклучени од инвестициите, изјави Села, обвинувајќи го лидерот на ДУИ, Ахмети, дека во преговорите што ги водел „се откажал од половина власт, само да ја зачува власта во Скопје“.

Села оцени и дека во земјава функционира половична демократија и дека сегашната власт е „слична на режимот кој падна во 2017 година“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе