Сер Шон Конери: Филмска приказна низ фотографии
Сер Шон Конери, светски познатиот актер кој се прослави со улогата на Џејмс Бонд, почина денеска на 90-годишна возраст.
Легендарниот шкотски актер е познат по многу филмови, вклучувајќи ги „The Hunt for Red October“, „The Rock“, „Indiana Jones and the Last Crusade“, „The Untouchables“, „The Name of the Rose“ и многу други.
Конери беше првата ѕвезда што ја играше улогата на агентот 007 на големото платно и се појави во седум хит филмови во оваа позната франшиза.
Добитник е на голем број филмски награди, меѓу кои и Оскар за најдобра споредна машка улога во „The Untouchables“ во 1988 година, две награди BAFTA и два Златни глобуса.
Конери доби титула почесен витез од кралицата Елизабета Втора во 2000 година. Но, тој е подеднакво сакан и почитуван од неговите колеги Шкотланѓани. Поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд реагираше на смртта на Конери, опишувајќи го како „најголемиот Шкотланѓанец во светот, последен од вистинските холивудски sвезди, совршениот Бонд“.