Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Netflix го објави официјалниот трејлер за научно-фантастичниот трилер Atlas, во режија на Бред Пејтон (San Andreas). Главната улога во Atlas ја толкува Џенифер Лопес.

Филмот ја следи Атлас Шеперд, брилијантна, но цинична аналитичарка на податоци која не ѝ верува на вештачката интелигенција. Атлас се приклучува на мисијата да го запре злобниот робот Харлан, кој ќе се сврти против човештвото иако е создаден да му помогне. Откако мисијата тргне наопаку, Атлас мора да се здружи со вештачката интелигенција по име Смит за да преживее и да го спаси светот.

Сценариото за филмот го напишаа Лео Сардаријан и Арон Ели Колеит. Во споредните улоги се Симу Лиу, Стерлинг К. Браун, Марк Стронг, Абрахам Попула и Лана Парила.

Иако повеќето гледачи се согласија дека визуелно трејлерот изгледа импресивно, многумина веруваат дека приказната не е доволно квалитетна.

„Што не е во ред со овој трејлер? На толку драматичен начин го откри целиот заплет“, напиша еден корисник на YouTube.

„Netflix убива научна фантастика без ничија помош“, додаде друг.

„Катастрофален дијалог. Ова изгледа толку лошо“, напиша трет.

Atlas ќе има премиера на Netflix на 24 мај оваа година.

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе