Фудбалерите на ПСВ од Ајндховен ја освоија титулата во холандската лига откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со 4:2 во 32. коло од Ередивизи.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Жоан Бакајоко во 26. минута, Оливје Боскаљи во 67. минута и Џордан Тезе во 78. минута.
За Спарта погодија Конгоанецот Метињо погодија во 8. минута и Боскаљи (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во Ередивизи со 87 бодови. Второпласираниот Фејнорд има 75 и натпревар помалку. И двата веќе обезбедија пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона, додека за местото во квалификациите се борат Твенте и АЗ.
До крајот на Ередивизи ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25-тата титула во клупската историја, а прва по 2018 година.
Табела: