Во неодамнешното интервју за магазинот Times , Мартин Фримен одговори на критиките за еротскиот трилер „Miller’s Girl“, во кој глуми заедно со Џена Ортега.
Имено, овој филм кој беше премиерно прикажан на почетокот на годинава ги подели критичарите и гледачите. Освен тоа, предизвика контроверзии поради интимните сцени меѓу 21-годишната Ортега и 52-годишниот Фримен.
Заплетот ја следи 18-годишната средношколка Каиро Свит (Ортега), која живее со своето богато семејство во Тенеси. Додека нејзините родители се на пат, Каиро, по наговор на нејзината најдобра пријателка, решава да го заведе својот професор по креативно пишување, Џонатан Милер (Фримен).
И покрај контроверзите, Фримен објасни дека филмот е длабок и има многу нијанси.
„Филмот не вели: 'Не е ли ова одлично?'“, рече Фримен, додавајќи дека прикажувањето на врска со огромна разлика во возраста не значи дека филмот одобрува такви работи.
„Различни здруженија можат да ги расипат приказните што се занимаваат со тешки теми“, рече Фримен. „Тоа е вистински срам. Дали ќе го критикуваме Лијам Нисон за учество во филм за холокаустот?“
Режисерката на филмот, Џејд Хејли Бартлет, исто така рече дека филмот има повеќе нијанси и дека не сакала да прикажува ликови кои се црно-бели.
„Мислам дека е опасно да се прикажат жените како совршени жртви бидејќи тоа ни ја одзема слободата на работење“, рече Бартлет.