Скопје, 18 ноември 2019 (МИА) – Серија земјотреси чии епицентри припаѓаат на пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во соседна Грција се регистрирани вчера и во текот на денешниот ден, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Два од нив, од кои едниот утринава во 07:41 часот и вториот вчера во 15:40 часот, се почувствувани во околината на пограничниот премин Меџитлија со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала и во околината на Битола со интензитет од 3 степени.
Земјотресот утринава бил со Рихтерова магнитуда од 3 степени на длабочина од 7 километри и е почувствуван во битолско, а со епицентар на 4 километри од Лерин. Вториот е со магнидута од 3,3 степени и длабочина од 1 километар со епицентар на 8 километри од Лерин и 21 од Битола.