Серхио Рамос го прозва Илон Маск 

Фудбалерот на ПСЖ, Серхио Рамос, го нападна Илон Маск дека вовел плаќање за сината ознака на Twitter бидејќи смета дека американскиот милијардер треба да прави многу попаметни работи.

Пред маск да ја купи популарната платформа, сината ознака за потврда на идентитетот беше знак за верификација која Twitter ја нудеше бесплатно.

Сината ознака се користеше како алатка за автентикација, дизајнирана да помогне да се запрат лажните профили и ширењето на дезинформации. Но, Маск одлучи да почне да ја наплаќа услугата, а месечната претплата на синиот знак сега чини околу 8 долари.

Оние кои имаа верификувани профили и избраа да не плаќаат претплата на Twitter ги загубија своите сини ознаки на 20 април.

И Рамос мораше да плати за синиот знак, па веднаш го критикуваше Маск бидејќи смета дека треба да посвети повеќе внимание на отстранувањето на негативноста од Twitter.

„Илон Маск, елиминирањето на ознаката, принудувањето на луѓето да плаќаат за таа услуга и заработувањето пари е една работа. Елиминирањето на омразата, промовирањето почит и правењето на Twitter подобро место може да биде друго. Само кажувам...“, напиша Рамос.

Не долго потоа, Маск ги врати сините ознаки на некои Twitter профили со повеќе од милион следбеници без да платaт претплата.

URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе