Последниот настап на Кристијано Роналдо на СП во Катар не мина како што се надеваше легендарниот Португалец, пишува Marca.
Неговата репрезентација шокантно испадна во четвртфиналето на Светското првенство и тоа откако селекторот Фернандо Сантос во осминафиналето и четврфиналето одлучи Роналдо да не биде во прв план.
По финалето меѓу Аргентина и Франција, на Instagram се огласи Катиа Авеиро, сестрата на Роналдо. По испаѓањето на Португалија, таа застана во одбрана на брат ѝ.
„Ова беше најлошото Светско првенство досега, но за среќа ни даде одлично финале. Каков натпревар! Честитки за Аргентина“, напиша таа.
Иако во објавата на Авеиро е Лионел Меси, таа воопшто не го ни спомена фудбалерот. Но, затоа пак, истакна каков е Килјан Мбапе.
„Не е реален. Пред него е брилијантна иднина. Неверојатно“, смета таа.