Северна Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД

Во амандман на Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Северна Македонија следната година, се дознава од нацрт-законот за буџетот за одбрана за следната фискална година.

Со овој федерален закон САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон и годинава за првпат во него се најде и Северна Македонија.

Согласно амандманот, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Северна Македонија за време на фискалната 2023 година која започнува на 1 октомври 2022 година. Тоа треба да се направи најдоцна до 1 декември.

– Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Северна Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата „Брз одговор 22“ во Северна Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија“, се вели во Законот.

Во него се додава дека од суштинско значење е „САД и останатите НАТО членки да продолжат да спроведуваат слични вежби со Северна Македонија и да настојуваат на натамошната интеграција“.

Северна Македонија е вметната во предложениот законски текст по барање на конгресменката Лиса МeкЛејн, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, а на барање на Обединета македонска дијаспора (ОМД), дознава Гласот на Америка.

Новиот директор на ОМД за Македонија, Гордан Јорданов, претседателот Методија А. Колоски и директорката за развој и унапредување Ема Браун, во јуни имале средба со МeкЛејн, со цел да побараат поактивен ангажман на САД во Северна Македонија.

– Од самото постоење од 2004 година, ОМД интензивно работи на засилување на односите помеѓу САД и нашата татковина Македонија на секое поле. Чест ми е дека токму пред 30-годишнината на македонската Армија, Конгресот изгласа да се подлабочи врската помеѓу армиите на САД и Македонија. Во својата историја, македонската Армија немала поголем пријател од американската Армија. Заедно сме посилни, изјави Колоски.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе