Шахпаска: Благо зголемување на заразени во градинките, 482 деца и 77 вработени се во изолација

Од отворањето на 9 септември до денеска, во градинките биле регистрирани 26 деца и 83 вработени позитивни на коронавирус. Мало зголемување на бројот на позтивни се бележи минатава недела, но генерално засега состојбата во градинките е добра. Таа се следи и согласно развојот на ситуацијата и во градинките, но и генерално во земјата ќе бидат носени нови мерки доколку тоа е потребно, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Следејќи ја динамиката на новопојавени случаи позитивни на коронавирус, потенцира министерката,  евидентно е зголемувањето на бројката на позитивни, како на дечиња така и на вработени во градинките.

-Бројката за последниот пресек е од минатата недела во период од 17 до 25 октомври, кога се регистрирани нови девет деца позитивни на коронавирусот и 40 вработени. Во моментот 482 деца се во изолација, а вработени околу 77. Следејќи ги состојбите во државата ние заедно со здравствените власти ќе правиме проценка. МТСП ги сумира дневните во неделен извештај и секој петок податоците ги доставува до Комисијата за заразни болести за да има увид при предлагањето нови мерки во врска на пандемијата, рече министерката за труд и социјална политика.

Таа додаде дека сите вработени и дечињата кои биле позитивни се во добра здравствена состојба. Во иминатиот период, рече имало една хоспитализција на дете и еден воспитувач, кој имал и други дополнителни хронични болести, поради што бил згрижен во болнички услови.

-Генерално сега засега состојбата со децата во градинките е добра. Правиме увид и проценки како ќе се однесуваме понатаму, истакна министерката Шахпаска.

Во врска со исполнетоста на капацитетите во градинките, таа инфомира дека тие во моментов згрижуваат половина од бројот на деца кој е дозволен согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија.

-Согласно протоколите донесени на 29 мај во градинките може да бидат згрижени 20.718  деца. Во моментов таму се згрижени 10.700 деца, што значи дека капацитетите согласно протоколите не се исполети. Родителите ги запишале децата, но не ги носат во градинка, рече Шахпаска. 

 

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе