Вкупно 484 деца се во изолација

Шахпаска: Се следи состојбата во градинките, засега e под контрола

Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска од Куманово, информираше дека во текот на денот се пријавени дополнителни седум ковид позитивни вработени во градинките во државата. До вчера имало вкупно 86 заболени вработени во градинките и 26 позитивни деца. Во моментов, потенцираше министерката 484 деца се наоѓаат во изолација.

– Состојбата со градинките јас секојдневно ја споделувам со новинарите, сè уште е под контрола, затоа што да речеме од моментот на отворање на градинките имаме 26 позитивни деца, дел од нив веќе се излезени од процесот на изолација, им заврши периодот на изолација согласно насоките на лекарите и 86 возрасни граѓани во моментов сега ни пристигна информација дека дополнителни седум вработени се позитивни со дeнешниот ден, изјави министерката.

Овие податоци, додаде таа, се споделуваат еднаш неделно со Комисијата за заразни болести за креирање на политики. Таа потенцира дека овој, како што рече, динамичен процес се следи, оти во моментов состојбата не е загрижувачка за да мора да се затвораат градинките, но дека и таква одлука ќе биде донесена исклучиво врз проценка на епидемиолошката состојба заедно со здравствените власти и Владата.

– Она што е добро е дека е добра нивната здравствена состојба, сега засега се блага клиничка слика, без хоспитализации, истото се однесува и за возрасните. И бројките од Куманово се составен дел од овие бројки и не е некоја загрижувачка состојба која би не натерала да ги затвораме градинките. Одлуките за тоа кога и како ќе работат ќе се нот врз основа на проценка на епидемиолошката состојба, заедно со здравствените власти и генерално заедно како Влада,  изјави Шахпаска. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе