Шекеринска: Институциите да ги истражат снимките кои се појавија во медиумите

Времето на насилство е зад нас, институциите да ги истражат снимките кои се појавија во медиумите, рече заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавените снимки на YouTube на кои се претпоставува дека е сведок од случајот „Рекет“.

–Да имав прилика да ги слушнам, иако избегнувам такви разговори да слушам, но имам обврска тоа да го правам. И за прв пат видовме разговор каде што се зборува за насилство и кон семејства, не сакаме да прејудицираме. Ние, особено претседателот на нашата партија измина низ период кога заканите беа секојдневна работа и не сакаме тоа време да се врати, рече Шекеринска.

Очекуваме, додаде таа,  институциите што се задолжени, за безбедност, анализи и истраги тоа да го направат, а не да претпоставувам или прејудицираме ние од страна.

-Меѓутоа ако се прашува СДСМ, ние сметаме дека времето на насилство е зад нас, направивме сè што треба да се направи и во поглед на НАТО, и внатрешна демократизација во нашето општество за никогаш да не се повтори, жалам што не сите го сфаќаат тој сигнал и таа порака. Времето на насилство е зад нас, институциите да ги истражат снимките кои се појавија во медиумите.

На прашањето дали овие снимки покажуваат чин на нервоза поради најавите за отворање на судски процес за незаконско финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Шекеринска одговори дека не сака да ги поврзува работите без да има аргументи, меѓутоа сè уште очекува одговор на многу едноставно прашање.

-Како е возможно една партија која учествувала на претседателски избори, да ги заврши изборите да остане должна 300 или 400 илјади евра и никој да не реагира, ниту фирмите каде должи, ниту самите тие, и да сметаат дека тоа е во ред. Дефинитивно таа истрага ќе ни објасни повеќе за линковите помеѓу одредени бизнис интереси и политичката партија која сè уште е раководена од Будимпешта, истакна Шекеринска.

Обвинителката Вилма Русковска за некои медиуми потврди дека овие аудио записи не се дел од доказите во предметот „Рекет“, најавувајќи истрага за снимките, како и кој ги снимил и кој ги објавил.

Одговорајќи на новинарски прашања, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во врска со објавените снимки на YouTube истакна дека се работи за уште едно бледо сценарио на власта со цел да се „испере“ и да ја оттргне вината од себе во случајот „Рекет“.

Следнава недела продолжува судењето за случајот „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13, а второобвинета поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. Третообвинетиот во овој случај Зоран Милевски – Кичевски призна вина на првото рочиште и доби казна затвор од три години. 

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе