Шест причини зошто немате желба за секс

Се наоѓате во фаза во која не ви е дојдено до секс? Не се грижите, не сте ни први ни последни. Дознајте кои се најчестите причини за намалена желба за секс и како да се ослободите од нив.

Кај недостиг на сексуална желба, односно намалено либидо треба да се утврди вистинската причина, а потоа да се пронајде начин како да се отстрани проблемот.

Што најмногу влијае на желбата за секс?

Стрес

Познато е дека влијае на сите аспекти од животот. Стресниот живот влијае на сексуалниот нагон, па затоа наместо со секс да го намалите стресот и подобрите расположението, сексот го убива вашиот интимен живот.

Истражувањата покажаа дека жените со текот на годините побрзо губат интерес за секс во однос на нивните партнери кај кои желбата не се менува. Посебно се чувствителни жените кои подолг период се изложени на стресен живот.

Стресот поттикнува излачување на негативни хормони кои ја уништуваат сексуалната желба. За да го намалите и држите нивото на стрес под контрола, пробајте техники за управување со стрес.

Нерешени проблеми, дисфункционална врска

Жените го поврзуваат сексот за емоции. Ако жената не се чувствува емотивно сигурно, тоа ќе се одрази на нејзината сексуална желба. Нерешените проблеми во врската се најчест фактор на недостиг и намалена желба за секс во врската.

Недостиг на комуникација, недоверба и останати препреки за интимност можат целосно да го уништат либидото. Веројатно некогаш сте се нашле во ситуација кога партнерот изговорил нешто што мислите дека не треба да го каже. Во тој момент може да ви се чини дека тој проблем е нерешлив, а ситуацијата безизлезна. Тогаш често се појавува мислата дека сте со некој кој не е за вас.

Алкохол

Консумирањето премногу алкохол може да доведе до неповолен ефект на либидото. Алкохолот ја намалува издржливоста во сексот и го дехидрира телото.

За сексуална возбуда е потребна одредена количина крв која пренесува кислород и ја засилува чувствителноста на гениталиите. Овој процес е поврзан со навлажнување на вагината и ерекција на пенисот, затоа внесувањето поголеми количини алкохол создава проблеми со навлажнување на интимното подрачје.

Недостиг на сон

Недостигот на сон сериозно ја загрозува сексуалната желба. Поради презафатеност и умор многу се незаинтересирани за активности во спалната соба.

Нарушувањето на сонот или малата количина сон доведуваат до пониско ниво на тестостерон што резултира со намалена сексуална желба. Едноставно решение на овој проблем е квалитетниот сон.

Родителство

Родителството е исцрпувачка работа која одзема многу време и енергија. Со раѓањето на дете партнерите потешко го одржуваат претходното ниво на интимност. Обидете се да бидете спонтани и искористете го секој слободен момент со партнерот.

Лекови

Земањето одредени лекови може да го ослаби либидото. Најчести причини за низок сексуален нагон се антидепресиви, лекови за понизок крвен притисок, орални контрацептиви, хемотерапија, лекови за ХИВ, антихистамини и слично.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе