Шилегов: Во Скопје има околу 140 дивоградби, но Градот нема ингеренции

Градот, за жал, нема ингеренции за дивоградбите, како што неколку пати сум кажал. Анализата покажува дека има околу 140 објекти на територијата на целиот град. Јас само повикувам сите институции да си ја работиме својата работа во рамки на своите обврски, изјави градоначалникот Петре Шилегов, одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на реконструкцијата на бул. „Александар Македонски“.

– Она што знам за Мавровка, кафулето во сутеренот беше легализирано, веројатно во постапка на обнова, бидејќи изгоре, може да се врати само тоа што било предмет на легализација и ништо повеќе. Апелирам да не се злоупотребуваат законските прописи и да покажеме дека институциите ги извршуваат со полн капацитет своите надлежности – прво, за да се спречи повторно градежно дивеење на недозволен начин и, второ, да се санкционираат што е можно повеќе луѓе кои недозволиво изградиле објекти, истакна Шилегов, додавајќи дека тоа влијае и на економијата и е некоректно граѓаните кои уредно ги подмируваат давачките да имаат нелојална конкуренција.

Во врска со воведувањето комунална полиција, Шилегов очекува законот во собраниска процедура да влезе по нова година, откако ќе се одблокира работата во Собранието и ќе се формираат собраниски комисии и, како што рече, да се испеглаат разликите со министерството за преземање на ингеренциите.

Во однос на подготвеноста за учебната 2020/2021, скопскиот градоначалник посочи дека ги собираат податоците од училиштата и ги праќаат до МОН, рокот е 10 септември, за да се добие одобрение за настава со физичко присуство. Рече дека согласноста ја даваат комисијата и  здравствените институции, тоа не е одлука на градоначалниците. Прават анкета и колку деца се од  социјално загрозени семејства и ќе најдат модалитет, рече, како да им помогнат со ИТ-опрема и интернет за следење онлајн-настава.

реклама

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Македонија

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе