Шилегов за грчки медиум: Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од плоштад

Добро е за нашите градови да соработуваат, но за жал, не успеавме да се сретнеме во периодот на пандемијата, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за грчкиот весник Έθνος и додава дека испратил честитки до градоначалниците на Атина и Солун кога беа избрани пред две години, јави дописничката на МИА од Атина.

– Испратив писма со честитки до општините Атина и Солун кога новите градоначалници ги презедоа функциите. Добро е за нашите градови да соработуваат. За жал, не успеавме да се сретнеме во текот на целиот овој период на пандемија. Костас Бакојанис одговори на моето писмо. Сепак, немав никаков одговор од општина Солун. Со Костас Бакојанис разменивме честитки и за Новата година, вели Шилегов.

Скопскиот градоначалник упатил покана до неговиот колега од Солун, Константинос Зервос, на 13 ноември да присуствува на одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Скопје, меѓутоа поради пандемијата не било изводливо патувањето.

Шилегов оценува дека некои работи во соработката со Солун заостанаа поради коронавирусот, но верува дека по пандемијата брзо ќе се нормализираат односите.

Скопскиот градоначалник говореше и за галиите и ја објасни одлуката за нивното отстранување.

– За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација, вели Шилегов.

Во однос на спомениците на скопскиот плоштад, објасни дека се во надлежност на Општина Центар и изрази надеж дека „коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад“.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе