Шпанија воведе итни мерки: Ладењето да не биде под 27°C, греењето не над 19°C

Шпанската влада се согласи да воведе „вонредни мерки“ за заштеда на енергија поради енергетската криза што ја зафати Европа по руската инвазија на Украина, пренесува агенцијата dpa.

Сите згради во јавниот сектор, трговските центри, кината, канцелариите, хотелите, станиците и аеродромите нема да смеат да ја спуштат температурата под 27 Целзиусови степени во лето, додека во зима температурата нема да биде повисока од 19 Целзиусови степени.

Оваа одлука беше усвоена на состанокот на владата во Мадрид, а доцна во понеделникот ја соопшти Тереза ​​Рибера, министерка за еколошка транзиција. Рибера рече дека планираните мерки мора да се воведат по еднонеделен преоден рок по објавувањето во службен весник.

Споменатата мерка ќе важи до 1 ноември 2023. Рибера рече дека тоа е почетен пакет кој е неопходен во „критична ситуација“.

„На Европа ѝ е потребна помош од Шпанија. Време е за солидарност“, рече министерката.

Правила за продавници и компании

Мерките, исто така, вклучуваат правила за продавниците и бизнисите да ги држат своите врати затворени со помош на автоматски систем што мора да се инсталира до 30 септември. Целта на ова, тврдат од Владата, е да се спречи топлиот или студениот воздух да излегува од загреан или ладен простор.

По 22 часот мора да се исклучи осветлувањето во неискористените канцеларии, излозите и спомениците, а во одредени згради ќе се започне со проверка на енергетската ефикасност. Рибера апелираше до приватниот сектор да го зголеми уделот на работа од дома.

Шпанија ги презема овие и дополнителни мерки, кои треба да се одлучат по летната пауза, за да ги исполни обврските преземени во европскиот план за вонредни состојби договорен минатата недела. Земјата ќе се обиде да ја намали потрошувачката на гас за 7 проценти. Шпанија првично беше против планот на Европската комисија, но на крајот, откако доби отстапки, го одобри.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе