Женската репрезентација на Шпанија е нов светски шампион откако денеска на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд со минимални 1:0 ја совлада Англија во големото финале.
Талична за Шпанките беше бекот Олга Кармона Гарсиа која со голот во 29. минута донесе водство, кое нејзините колешки успеаја да го зачуваат до крајот. Голот дојде по една одлична тимска акција, која Кармона ја заврши со прецизен удар.
Шпанија до својата прва титула светски шампион во женска конкуренција дојде играјќи без најдобрата фудбалерка во светот на денешницата, Алексиа Путељас, која од тактички причини беше на клупата и во игра влезе дури во 90-тата минута.
Како за Шпанија, така и за Англија ова беше прво финале.
Во борбата за бронзата синоќа Шведска со 2:0 го совлада кодомаќинот Австралија.