Шпаркасе Банка и СОС Детско село одбележаа 10 години успешна соработка

По повод јубилејни 10 години соработка, Шпаркасе Банка АД Скопје со свои претставници, заедно собренд-амбасадорот, музичката легенда Влатко Стефановски, како и маскотите Медо Штедо и Медена, пристигна во СОС Детско село, со цел врачување парична донација за потребите на селото, и на тој начин пренесе порака за градење силни врски на доверба и поддршка.

Во периодот од 19.08.2022 до 30.09.2022, со секоја новоотворена депозитна партија, Банката донираше по 600 денари, при што на крајот беше собрана донација во вкупен износ од 184.485 денари.

Дополнително, преку индивидуални финансиски донации од вработените на Шпаркасе Банка, секој месец и вработените донираат за потребите на СОС Детско село и на тој начин ја пренесуваат силната порака за значењето на индивидуалната филантропија.

„Горди сме на долгогодишната соработка со СОС Детско село и среќни сме што ја остваривме оваа донација онаму каде што е најпотребна и во духот на поддршката и хуманоста, како банка демонстриравме колективна одговорност што ќе продолжи и во иднина, и која, се надеваме, ќе инспирира и други компании да придонесуваат во интерес на пошироката заедница“ – изјави Маја Палчевска, директор за развој на производи и маркетинг на Шпаркасе Банка АД Скопје.

„Во 2012 година се воспостави стратегиско партнерство помеѓу Шпаркасе Банка и СОС Детско село. Започнавме со многу љубов преку летен камп ‘Медо Штедо’ и секоја година заедно реализиравме иновативни проекти за обезбедување поддршка на програмите на СОС Детско село од страна на Шпаркасе Банка и воедно и вклучување на вработените во активности со децата. Посебно сме горди што 10 години Шпаркасе Банка е наш стратегиски партнер и што ова партнерството е пример за континуитет и стабилност што ни овозможува остварување на нашата мисија: Топол дом и љубов за секое дете“ – изјави Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село.

По запознавањето на претставниците на Банката со децата, присутните уживаа во краткиот акустичен концерт на музичкиот великан Влатко Стефановски, а потоа претставници од Банката и Медо Штедо и Медена ги едуцираа дечињата за улогата на банките, како и за штедењето и за тоа зошто е важно да се штеди. Потоа дечињата учествуваа во креативна работилница, во која изработија интересни новогодишни творби.

Шпаркасе Банка верува во поддршка кон заедницата, со цел подобрување на квалитетот на животот на децата без родители, згрижени во СОС Детското село. Истовремено, на овој начин Банката ја подига свеста за важноста на водење грижа за социјално ранливи категории, поттикнува индивидуална филантропија, како и градење култура на солидарност и поврзување. Само со делување во практика може да се зацврснат имиџот и улогата на општествено одговорна банка.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе
  • filter

Поглед во специјалното издание на Renault за Ролан Гарос

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе