Што е Комонвелтот и што ќе стане со него по смртта на кралицата Елизабета?

Комонвелтот денес го сочинуваат држави кои некогаш воглавно биле колонии на Британската Империја, меѓутоа, по смртта на кралицата Елизабета II се поставува прашањето која ќе биде неговата улога и дали новиот крал ќе продолжи да го управува.

Покрај улогата на кралица на Велика Британија и Северна Ирска која ја обавуваше повеќе од 7 децении, Елизабета II имаше и низа други важни функции. Една од најпознатите секако беше и лидер на Комонвелтот, чија историја е тесно поврзана со Британската Империја. Меѓутоа, иако за време на владеењето на кралицата Елизабета II беше под нејзина јурисдикција, но тоа не значи дека и нејзиниот син и наследник Чарлс III ќе биде на чело на оваа асоцијација.

Што значи зборот комонвелт?

Зборот комонвелт, односно commonwealth, е традиционален англиски термин за политичка заедница формирана за општо добро. Историски, бил синоним за република. Именката комонвелт значи „јавна благосостојба, општо добро или предност“ и потекнува од XV век.

Оригинално бил фраза и потекнува од старото значење на зборот wealth (богатство) кој порано значел well-being (благосостојба), а самиот е лабав превод на латинскиот res publica (република). Терминот буквално значи „општа благосостојба“. Во XVII век дефиницијата за комонвелт се проширила од својата оригинална смисла за „јавна бвлагосостојба“ (public welfare) или комонвелт и почнал да значи „држава во која врховната власт му е доделена на народот; република или демократска држава“.

Што е Комонвелт?

Комонвелт е организација составена од земји кои некогаш биле дел од Британската Империја. Официјално бил формиран во 1926 година како дел од договорот Балфорова декларација и претставува една од најстарите политички организации во светот - формирана пред Обединетите нации и НАТО. Како што се наведува на веб-страницата на асоцијацијата, денес нејзината цел е „поддршка на владите на земјите-членки и партнерство со широкото Комонвелт семејство и останатите, подобрување на благосостојбата на сите нејзини граѓани како и унапредување на заедничките интереси на глобално ниво“.

Знамето на Комонвелтот

Со текот на времето на организацијата ѝ се придружиле 56 земји, меѓу кои се и 3 европски, 8 азиски, 11 од Пацификот, 13 од Карибите и Америка, како и 21 од Африка. Најмала членка е пацифичката нација Науру која брои околу 10 илјади жители, додека најголема е Индија со 1,4 милијарди. Со други зборови, во Комонвелтот живеат вкупно околу 2,5 милијарди луѓе.

Земјите-членки на Комонвелтот (со зелено)

Познавачите на состојбите тврдат дека иако звучи логично да кралот Чарлс III по смртта на својата мајка автоматски стане лидер на Комонвелтот, тој технички не е. Причината за ова лежи во фактот што управувањето со асоцијацијата не е одредено преку семејна лоза и директно наследство, туку преку демократски избори - него мора да го изгласаат лидерите внатре во организацијата.

По смртрта на кралицата, генералната секретарка на Комонвелтопт, Патриша Скотланд, се обрати со зборовите: „Нејзиното Височество го сакаше Комонвелтот, а Комонвелтот ја сакаше неа“ и додаде дека за време на својот живот го исполнила ветувањето кое го даде кога дојде на чело на организацијата во 1947 година, а ги посети и сите земји-членки и од 1971 до 2018 година пропушти само еден состанок на шефовите на владите.

реклама

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе