Што ќе донесе полната Месечина во Близнаци за секој хороскопски знак?

Полната месечина ќе биде во знакот Близнаци на 19 декември.

Оваа полна Месечина, последна годинава, се нарекува и Студена Месечина. Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Овен

Голема промена во однесувањето. Досега набрзина правевте планови, не сакавте да ризикувате, малку повеќе ве водеше стравот, но сега тоа се менува. Многу е можно бесот да го истурите на некој близок, а потоа ќе ви се промени расположението и ќе бидете похрабри да промените некои работи и да планирате похрабро.

Бик

Полна Месечина во Близнаци ќе ве натера да размислувате за непознатото, за градовите што не сте ги посетиле, за книгите што не сте ги прочитале, за филмовите што не сте ги гледале... Ваша голема желба е следната година да бидете полни со авантури и подготвени сте да истражите што точно би можело да биде тоа.

Близнаци

Се подготвувате целосно да се вклучите во нови проекти и идеи кои сте ги подготвиле во текот на оваа година. Вашите амбиции се уште поизразени, сакате повеќе, многу повеќе и секогаш сте подготвени да ја искористите секоја шанса што ќе ја добиете.

Рак

Затворате поглавје во кое повеќе сте размислувале за минатото отколку за иднината. Полната Месечина во Близнаци ве врти кон иднината, надминавте сѐ што ве мачеше во претходниот период. Почнете полека. Истражете која идеја ви се допаѓа и потпирајте се на помошта од пријател.

Лав

Ќе имате желба повеќе да работите на себе, повеќе ќе се фокусирате на себе, ќе сакате да си ги простите сите мани и да почнете малку повеќе да ги цените вашите доблести. Бевте престроги кон себе. Ќе се свртите кон вашите вистински желби, ќе престанете да ги задоволувате другите и со ентузијазам ќе влезете во 2022 година.

Девица

Размислувате да си поставите цел за вашето образование следната година, што е одлично за вас. Тоа може да биде нов јазик, курс, и за што и да одлучите, ќе ви помогне да дознаете повеќе за себе и вашите интереси, а можеби и сето тоа на крајот ќе се развие во нешто од кое ќе живеете.

Вага

Сакате повеќе да им се посветите на пријателите и партнерот. Вашите односи и со пријателите и со партнерот ви се многу важни, но ги подзаборавивте во претходниот период. Така, сега вашата цел е да работите на нив и да ги направите посилни од порано.

Скорпија

Полната Месечина ќе ве направи свесни за фактот дека вашите сопствени ставови и однесување можат да ве спречат да го постигнете она што го сакате. Конечно ќе се разбудите, поинаку ќе гледате на некои работи, поинаку ќе се однесувате и тоа ќе ви донесе промени на подобро.

Стрелец

Патувањето е секогаш на врвот на вашата листа на приоритети, а сега сте поподготвени од кога било да истражувате нови дестинации и да планирате каде би можеле да одите следната година. Уморни сте од „играње на сигурно“, вашата храброст и верба во себе сега доаѓаат до израз.

Јарец

Повеќе сакате да работите сами и да бидете сами, но сега сè се менува. Сакате да бидете во друштво, комуникативни сте, сакате да соработувате и да се поврзувате со луѓето. Размислувате како можете да запознаете луѓе кои делат слични интереси со вас и како да остварите некаква соработка со нив.

Водолија

Веќе не можете да живеете по шаблон, уморни сте од се што се врти во круг, па сега се обидувате да смислите план како да го постигнете она што го сакате. Бидете храбри, колку повеќе цели, толку подобар ќе биде исходот. Предизвикајте се да создадете живот што го сакате за себе.

Риби

За време на полната Месечина во Близнаци размислете на што работите, што моментално ве мотивира и како да ја подобрите и забрзате за да ја постигнете целта во 2022 година. Можно е патување или некој од странство да има клучна улога во постигнувањето вашите цели.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе