Што мисли Бил Гејтс за милијардерите кои трошат пари за вселенски патувања?

Бил Гејтс неодамна коментираше што мисли за милијардерите кои вложуваат во вселенската технологија.

На сите ни е познато натпреварувањето меѓу Џеф Безос и Илон Маск за освојување на вселената. Двајцата најбогати луѓе во светот се натпреваруваат кој прв ќе одлета во вселената и кој ќе добие проекти на НАСА, и во тоа се прилично успешни. Компанијата спејсикс на Маск ниже успеси, а Безос успеа пред Маск да одлета во вселената, но не стана астронаут.

Сепак, сите не се одушевени околу нивната „битка“ за освојување на вселената. Посебно остар во настапот беше првиот човек на ОН, Антониот Гутереш кој изјави додека милијардерите трошат пари за патувања во вселената, на Земјата милиони гладуваат.

Со такви, но малку поумерени критики се огласи и Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот.

Во текот на гостување во емисијата на Џејмс Корден, водителот му се „заблагодари“ што е еден од милијардерите кои моментално не се обидуваат да побегнат од планетава во вселенски брод.

Гејтс на тоа му одговори дека повеќе го интересира како да се ослободиме од маларија и ХИВ.

На прашањето што мисли за милијардерите кои трошат пари за вселенски патувања, тој одговори:

„Вселената? Имаме многу повеќе работа овде на Земјата“.

Од друга страна, ако Гејтс смета дека милијардерите треба да ги решаваат проблемите на планетата на коа живееме, милијардерите како Безос и Маск не го исклучуваат едното од другото. Односно, вложуваат во развојот на вселенската технологија, но и учествуваат во решавање на проблемите на Земјата.

„Имаме многу проблеми сега и овде на Земјата и мора да работиме на нив, но мора да гледаме и во иднината, секогаш сме го правеле тоа како вид и цивилизација“, изјави претходно Безос.

Слично како него размислува и Маск, кој вели дека 99% од економијата треба да ја насочиме кон решавање на проблеми на земјата, а тој еден процент или помалку треба да го искористиме за вселенски истражувања.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе