Што може да му направи пушењето марихуана на мозокот?

Се сеќавате ли на оние напушени дечки кои ги поминуваат деновите во соба или возило обвиено во чад од марихуана, кои само сакаат да стигнат до следниот џоинт? Не е ни чудо ако не се сеќавате.

Како што сѐ повеќе држави поминуваат низ легализација на марихуаната, стереотипните ефекти на затупен ум станаа минато и често се заменети со прифаќање на дрогата како прифатлив начин за дружење, релаксација и подобар сон.

Но, иако општеството можеби го заборави влијанието што тревата може да го има врз мозокот, науката не го стори тоа, пишува CNN. Истражувањата долго време покажаа дека пушењето марихуана може да ги наруши когнитивните функции. Една нова студија, објавена во четвртокот во списанието Addiction, открива дека последиците можат да бидат потрајни од почетната интоксикација, особено кај адолесцентите.

Проблеми со концентрација, потешкотии со меморијата и учењето

„Нашата студија ни овозможи да истакнеме неколку когнитивни области оштетени од употребата на канабис, вклучувајќи проблеми со концентрацијата и потешкотии со меморијата и учењето, што може да има значително влијание врз секојдневниот живот на корисниците“, рече коавторот д-р Александар Думаис, вонреден клинички професор на психијатрија на Универзитетот во Монтреал.

„Употребата на канабис кај младите може да резултира со намалени образовни достигнувања, а кај возрасните до слаби перформанси и опасно возење. Овие последици може да бидат полоши за редовните и тешките корисници“, рече Думаис.

Особено штетно за младите луѓе, чиј мозок сè уште се развива

Ефектите на марихуаната врз мозокот можат да бидат особено штетни за когнитивниот развој на младите луѓе, чиј мозок сè уште се развива, вели д-р Меган Морено, професор по педијатрија на Факултетот за медицина и јавно здравје на Универзитетот во Висконсин, која не била вклучена во студијата.

„Оваа студија дава силни докази за негативните когнитивни ефекти од употребата на канабис и треба да се земе како клучен доказ за да се спречи употребата на канабис кај младите. Покрај тоа, сега знаеме дека мозокот продолжува да се развива до 25-годишна возраст. Родителите треба да бидат свесни дека адолесцентите кои користат канабис со ризик да го оштетат нивниот најважен орган, мозокот“, изјави Морено за CNN.

Научниците не се сигурни дали мозокот може да се опорави

Неодамна објавената анализа проучувала студии на повеќе од 43.000 луѓе и открила негативен ефект на тетрахидроканабинол или THC, главната психоактивна компонента во канабисот, на повисоките нивоа на размислување во мозокот. Овие извршни функции вклучуваат способност за донесување одлуки, меморирање на важни податоци, планирање, организирање и решавање проблеми и контрола на емоциите и однесувањето.

Дали постои начин да се опоравите од оваа штета? Научниците не се сигурни.

„Истражувањето покажа дека соединението THC е растворливо во масти и може да се складира во телесните масти и на тој начин постепено да се ослободува во крвотокот со месеци“, рече Думаис, додавајќи дека е потребно висококвалитетно истражување за да се утврди долгорочниот ефект од таа изложеност.

Некои студии сугерираат дека негативните ефекти врз мозокот може да се ублажат откако ќе престанете да користите трева, но тоа може да зависи и од количината, зачестеноста и годините на употреба на марихуана. Возраста на која започнала употребата на марихуаната, исто така, може да игра улога, доколку таа припаѓа на клучниот развоен период на младешкиот мозок.

Младите сè уште се особено чувствителни

„Досега, најконзистентни промени се забележани во префронталниот кортекс предизвикани од употребата на канабис, најмногу од неговата хронична употреба во младоста. Ваквите промени потенцијално може да доведат до долгорочна когнитивна и извршна дисфункција“, рече Думаис.

Покрај тоа, некои студии покажаа дека раната и честа употреба на канабис во адолесценцијата доведува до послаби когнитивни способности во зрелоста.

„Додека науката се занимава со ова, треба да се разгледаат превентивни и интервентни мерки за едукација на младите луѓе за употребата на канабис и обесхрабрување на хроничната употреба на супстанцијата. Младите луѓе остануваат особено ранливи на ефектите од канабисот“, заклучи Думаис.

реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе