НЕ Е СÈ ИДЕАЛНО

Што не смее да прави американскиот претседател без Тајната служба?

Иако на многумина им се чини дека животот на американскиот претседател е идеален, многу работи што се секојдневие на другите луѓе можат да станат огромен организациски проблем за претседателот на Соединетите Американски Држави.

1. Случајни телефонски разговори со пријателите

Тајната служба на САД го координира секој потег на претседателот на оваа земја, вклучувајќи ги и телефонските разговори на првиот човек на САД. Ако сака да разговара со пријателите, претседателот може да го стори тоа само преку линиите што ги обезбедува Тајната служба. Сите други разговори се забранети поради можно прислушување.

2. Одење во кино

Одењето во кино или театар е активност што ја извршува секој од нас. Сепак, поради посебни протоколи, Белата куќа не ја препорачува оваа активност. Доколку претседателот на САД сака да гледа филм, тој едноставно ќе му биде обезбеден во канцеларијата и нема да има потреба да оди надвор од Белата куќа.

3. Одење на вечера

Во суштина, оваа опција е можна, но сепак, пред излегувањето, Тајната служба мора да направи план за обезбедување на ресторанот каде што претседателот сака да јаде. Исто така, она што може да биде проблем е храната што според правилата прво треба да ја провери експерт за да се осигура дека храната е безбедна за претседателот.

4. Возење автомобил

На американскиот претседател му е забрането да вози сам, а за неговиот превоз се задолжени луѓето кои поминале низ тешка обука и биле тестирани за многу непредвидени ситуации што можат да се случат додека возат. Претседателот се превезува во блиндиран автомобил популарно наречен „ѕвер“, кој е целосно прилагоден на потребите на Белата куќа.

5. Летање со комерцијални летови

Ако претседателот сакаше да патува со комерцијален лет поради некоја причина, Тајната служба тоа не би го дозволила. Со оглед на тоа што а потребите на првиот човек на САД е обезбеден специјалниот Air Force One, ова не е толку голем проблем за претседателот и неговото семејство.

6. Присуство на настани на кои учествуваат нивните деца

Иако е сон на секој родител да присуствува на спортски или друг настан во кој учествува и неговото дете, за американскиот претседател, овој вид забава не може да помине без детален план за обезбедување на настанот. Од овие причини, децата на американскиот претседател одат во училиште во Белата куќа, бидејќи за организација и обезбедување на „обично“ училиште би биле потребни многу финансиски и човечки ресурси.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе