Што сè се менува во сексот во текот на 30-тите години?

Веќе сте доволно возрасни за да знаете дека желбата за секс некогаш е посилна, некогаш е помала, а сето тоа е нормален дел од животот. Да, сексуалната желба се менува со текот на годините, а 30-тите години носат и други промени.

1. Немате потреба никому да се докажувате

Нема повеќе стрес за врвен перформанс во кревет. Причината за тоа може да биде што вашиот сексуален живот сега е поврзан со една личност или досега сте имале повеќе сексуални партнери, па имате поголема самодоверба.

Притисокот што постоел во 20-тите години е намален или целосно исчезнат.

2. Задоволни сте само со еден партнер                                                    

Статистички гледано, повеќето луѓе кон крајот на 20-тите години веќе се во долга врска или брак, а во 30-тите во стабилна врска. Желбата за пробување нови работи се сведува на нови пози со партнерот, а не на луди забави кои завршуваат со секс за една вечер.

3. Откривате нови работи

Со текот на годините и поголемото искуство зад вас, доаѓа време за истражување на самите себе, на сопствените интереси и желби. Работата на себе е за секого различна, некои сакаат да пробаат нови пози или места, некои се одлучуваат на унапредување на сексуалните вештини или слично.

4. Подобро комуницирате со партнерот

За споделување на сексуалните фантазии со партнерот е потребно доверба и љубов, а во 30-тите години луѓето веќе знаат што им се допаѓа, а што не.

5. Си го познавате сопственото тело

Со текот на годините сте сфатиле како е најдобро да доживеете оргазам и која поза ви е најдобра за тоа, што е многу важно во ситуации кога немате доволно време и сакате секс на брзина, пред да се разбудат децата на пример.

6. Поважен е квалитетот од квантитетот

Сексот во 30-тите е фантастичен, без разлика дали сте сами или во врска. Повеќето луѓе на оваа возраст обрнуваат внимание на квалитетот. Со оглед на тоа што е време за основање семејство, градење кариера и хаотичен животен период, повеќето бираат квалитетен секс еднаш неделно, отколку трипати на брзина.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе