Што се случи со Путин во еден ден? Од жестока одмазда до прошка за Вагнер

Воениот бунт на Вагнер во Русија го привлече вниманието на целиот свет, а реакцијата на Владимир Путин сигурно ќе предизвика нови дебати. За само еден ден тој премина од „жесток одговор“ на безусловно ослободување на бунтовниците и стопирање на сите кривични постапки.

Вагнеровите борци синоќа, по наредба на Пригожин, организираа воен бунт и го зазедоа градот Растов на Дон. Шефот на Вагнер најави дека кон Москва ќе се движат и војската и оклопните возила.

По хаосот што владееше, претседателот Владимир Путин имаше вонредно обраќање до сите граѓани и рече дека воениот бунт на Вагнер е предавство на неговите „соборци кои сега се на фронтот, предавство на државата и нож во грб“.

Тој исто така нагласи дека сите што учествувале во ова ќе одговараат строго за своите постапки.

„Овој внатрешен бунт е смртен удар за нас, нашиот одговор ќе биде жесток, сите што решиле да се побунат ќе бидат казнети. Тие ќе одговараат пред државата и рускиот народ. Како претседател на Русија и граѓанин, ќе направам сѐ за одбрана на земјата, животите и слободата на луѓето. Ова е нож во грб“, рече тогаш Путин.

Сепак, белорускиот претседател Александар Лукашенко за помалку од 24 часа успеа да се договори со шефот на Вагнер да ја запре армијата која беше блиску до Москва.

Не долго после тоа, Кремљ потврди дека Пригожин ќе може да ја напушти Русија и да замине во Белорусија без пречки, и дека сите кривични постапки во врска со воениот бунт ќе бидат прекинати. Гаранција за тоа е „зборот на претседателот“ на Русија.

За неполни 24 часа исчезна ветувањето за „жесток одговор“ и казнување на сите одговорни.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе