Што се случува во организмот кога јадете кромид?

Кромидот е нискокалорична билка препознатлива по мирисот, а потекнува од Азија и од Блиски Исток. Илјадници години се употребува за јадење, но и во лековити цели.

Без кромид не се подготвува ниту едно јадење, без разлика дали го преферирате свеж во салата и сендвичи или варен во чорби, манџи или печено месо.

Заедно со морковот и магдоносот се смета за основна намирница во кујната. Ако го јадете свеж ќе забележите дека има малку лут вкус, а доколку го изложите на долготрајна термичка преработка на ниска температура, ќе стане сладок и карамелизиран.

Зошто треба да јадете кромид?

Содржи бројни хранливи материи, од витамини А, Ц и Е до калциум, калиум и магнезиум. Исто така, содржи кверцетин кој го намалува високиот крвен притисок, спречува создавање наслаги на ѕидовите на артериите, но и формирање на крвни згрутчвуања така што ја намалува можноста од срцеви заболувања.

Богат е со антиоксиданси кои го подобруваат имунитетот. Делува антивоспалително. Добар извор е на калциум, минерал неопходен за здрави коски.

Студија објавена во списанието Biomolecules откри дека со консумација на свеж кромид се зголемува нивото на тестостерон кај мажите и помага кај проблеми со еректилната дисфункција.

Иако многумина го избегнуваат поради непријатниот здив, истражувањата покажаа дека придонесува за здравјето на забите.

Кромидот исто така важи за диуретик и ја поттикнува работата на бубрезите.

Кој не смее да јаде кромид?

Може да предизвика дигестивни проблеми како надуеност, мачнина и повраќање. Ако имате проблеми со синдром на нервозно црево подобро е да избегнувате јадење кромид.

Медицински својства и здравствени придобивки

Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања - од обична настинка, па сѐ до срцеви заболувања, дијабетес, остеопороза и други болести. Има истражувања кои покажале дека зголемената исхрана со кромид доведува до намалување од ризикот за добивање рак на главата и на вратот.

Во Индија, некои луѓе не јадат кромид, бидејќи веруваат дека делува како афродизијак.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе