Што сѐ треба да знаеме за мисијата Artemis и враќањето на Месечината?

Како ќе изгледа враќањето на луѓе на Месечината? Кога мисијата Artemis III ќе биде лансирана?

Оваа деценија е една од најважните кога станува збор за истражувањето на вселената. Првата мисија Artemis на НАСА, за време на која беа тестирани можностите на капсулата Orion, се покажа како голем успех, а подготовките за Artemis II мисијата се и тоа како во тек. Меѓутоа, она што сите го чекаме - враќање на луѓето на Месечината - ќе се случи дури за неколку години, односно за време на мисијата Artemis III.

Иако ќе мора да почекаме за враќањето на Месечината, НАСА веќе сподели значителна количина на податоци за своите планови. Ова е сѐ што треба да знаете за долго очекуваната мисија Artemis III.

Се чека Starship

Иако лансирањето на Artemis I мисијата се ослонуваше исклучиво на ракетата SLS на НАСА, и иако истата ракета ќе биде употребена за Artemis II, агенцијата за другиот дел од третата мисија ќе го користи Starship системот за слетување. Задачата на Starship ќе биде да ги спушти луѓето на месечевата површина, а потоа да ги пренесе до орбитата, од каде ќе се вратат на Земјата со помош на леталото Orion. Starship неодамна го имаше своето прво лансирање, а иако тестот заврши со експлозија, Илон Маск го нарече успешен.

URL
Истражување на нови локации

Една од најзначајните работи на мисијата Artemis е човештвото да не се враќа онаму каде што други астронаути веќе биле. Наместо тоа, Artemis III ќе ги одснесе астронаутите до јужниот пол на Месечината.

Јужниот пол е еден од најмалку истражените региони на Месечината, а НАСА веќе ги објави можните зони на слетување, кои еден ден би можеле да бидат место за база на месечевата површина, во која астронаутите ќе живеат и ќе работат.

Мисија во ново руво

Не е тајна дека астронаутите на НАСА последниве неколку години користат старомодни одела при нивниот престој на Меѓународната вселенска станица. Меѓутоа, НАСА за потребите на мисијата Artemis се здружи со компанијата Axiom Space за да создаде вселенско одело од новата генерација, дизјанирано движењата на Месечината да ги направи уште подобри.

Новите вселенски одела веќе беа претставени, а астронаутите на НАСА ќе ги користат при идните мисии на Artemis.

Инклузивност во вселената

Во склад со културолошкиот развој во САД, мисијата за враќање на луѓето на Месечината ќе биде многу важна и поради својата инклузивност. НАСА вети дека на оваа мисија на Месечината ќе ја однесе првата жена, како и првиот член на малцинските заедници.

Иако НАСА допрва треба да ги открие имињата на членовите на екипажот за мисијата Artemis, агенцијата претстави што можеме да очекуваме од неа кога конечно ќе биде лансирана. Текот на мисијата може да се види на сликата подолу.

Нов ровер

Уште една важна работа која треба да се напомене е развојот на нов месечев ровер кој астронаутите ќе го користат на површината. Lockheed Martin се здружи со компанијата LunarOutpost, која ѝ помага на Nokia во поставувањето на 4G конекција на Месечината. Lockheed Martin исто така договори соработка со компанијата Goodyear, која ќе биде задолжена за гумите на роверот.

Го очекуваме датумот на лансирање

НАСА сѐ уште нема објавено кога ќе се случи лансирањето на третата мисија на Artemis, но изрази надеж дека тоа ќе се случи за време на 2025 година, иако плановите може да бидат поместени за 2026 поради проблемите со Starship. Пред тоа, се очекува Artemis II мисијата да биде лансирана наредната година.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Вести

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Read more

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Read more
 

Гик

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе