Што треба да смените за да работи WhatsApp подобро и да троши помалку интернет?

Ако сакате оваа апликација да работи непречено, подолу ќе ги видите советите за „пролетно дигитално чистење“.

Покрај чистењето на просторот и бришењето стари групи, ќе се погрижите оваа апликација да не ве чини дополнителни несакани трошоци.

„Колку повеќе ги живееме нашите онлајн животи, толку повеќе треба да се заштитиме, поради што вашите повици и пораки на WhatsApp се заштитени со end-to-end енкрипција“, вели Кетрин Харнер, портпаролка на WhatsApp.

„Тоа значи дека никој не може да ги чита, дури ни WhatsApp! Но, нашата апликација нуди и дополнителни поставки за да му помогне на корисникот да ги контролира својот профил и приватност, како што е двојна автентикација. Предлагаме дигитално пролетно чистење, не само за чистење на внатрешната меморија, туку и за да бидете сигурни дека ја контролирате вашата приватност и безбедност“, додаде таа.

8 совети како WhatsApp да работи подобро

Исчистете ја меморијата: не дозволувајте медиумските содржини да ја обземат вашата меморија. Користете ја функцијата Manage Storage на WhatsApp за прегледување и бришење податоци преку пет мегабајти и поединечно проверувајте ги разговорите за да видите колку простор заземаат. Можете брзо да ги архивирате, исчистите и бришете сите ваши разговори со неколку едноставни кликања, само влезете во Chats во Settings.

Заштедете ја меморијата на телефонот: сакате да спречите автоматски да се зачувуваат фотографии и видеа на вашиот уред? Влезете во опцијата Chats и деактивирајте Save to Camera Roll.

Ограничете го користењето податоци: со поставување на автоматски преземања сами, можете да контролирате кога и каде преземате податоци или медиумска содржина, што ќе ви заштеди мобилен интернет. Влезете во Storage and Data во Settings на апликацијата, потоа изберете да дозволите фотографии, аудио, видео и други содржини да се преземаат само преку Wi-Fi, а не преку мобилен интернет, или едноставно оневозможете автоматско преземање со избирање Never (што значи дека содржината ќе се преземе ако кликнете на неа).

Напуштање, оневозможување или архивирање на несакани групи: Дали сте член на групи кои повеќе не се активни? Можете брзо да ги напуштите или да го исклучите звукот и да ги архивирате ако не сакате да добивате пораки од нив. Отворете ја таквата група, кликнете на нејзиното име и пронајдете ја опцијата Exit Group или Mute. Алтернатива е да го кликнете и задржите името на таа група, а потоа изберете Exit Group или Archive. Сите други членови на групата ќе бидат известени дека сте ја напуштиле групата, но не ако архивирате или изберете опција Mute.

Вклучете пораки што исчезнуваат: штом ќе ја овозможите оваа опција, сите нови пораки во разговорите ќе исчезнат по седум дена или некое друго време што можете сами да го дефинирате. Отворете ја апликацијата, кликнете на името на контактот и пронајдете ја опцијата Disappearing Messages, а потоа вклучете ја.

Ажурирајте ги поставките за приватност: Вие контролирате кој може да ги гледа вашите прочитани пораки, кога последен пат сте ја виделе пораката, информациите за вас и фотографијата на профилот. Внесете ја сметката која е во поставките, кликнете на Privacy и оттаму можете да ги промените сите овие опции, да ги поставите да ги гледаат сите, само вашите контакти или никој, одлуката е целосно ваша!

Блокирајте ги несаканите корисници: Брзо и лесно блокирајте некого на апликацијата WhatsApp. Изберете Privacy, потоа кликнете Block и од таму можете да додавате контакти или непознати броеви што сакате да ги блокирате.

Поставете двојна потврда/верификација: Дали сакате да го активирате дополнителниот заштитен слој? Двојната потврда е опционална карактеристика што додава поголема безбедност на сметката на WhatsApp. За да ja вклучите, отворете ги поставките, кликнете Account и потоа Two-Step Verification, изберете Enable и поставете PIN-код. Откако ќе се активира, имате опција да напишете адреса за е-пошта, што овозможува WhatsApp да ви испрати е-пошта со врска/страница што ви овозможува да ја ресетирате, во случај да го заборавите вашиот PIN, а исто така ви помага да го зачувате вашиот профил.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Софтвер

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе