Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Грчењето на окото ни се случува на сите од време на време, а старото суеверие вели дека претскажува радосни (десното) или тажни настани (левото). Всушност, може да биде знак за сериозна болест. Откријте кои придружни знаци се предупредување дека итно треба да се јавите кај лекар за помош.

Играњето на очите обично е предизвикано од големите стресови во животот - анксиозност, замор или исцрпеност, како и прекумерно внесување на кофеин или алкохол. Може да се појави и како несакана последица од земање одредени лекови. Но, понекогаш тие се сигнал за нешто многу посериозно...

Грчењето е обично мало пореметување кое поминува многу брзо. Овој симптом често е сигнал да одвоите време за да се опуштите, да го намалите притисокот и да се ослободите од стресот. Предупредувачки знаци, доколку почувствувате некој од овие симптоми, веднаш контактирајте го вашиот лекар:

  • грчење во други делови од телото;
  • грчење кое трае повеќе од неколку дена;
  • слабост, спуштање на капакот или дупли вид.

Исто така, се препорачува да побарате лекарска помош ако очите ви се црвени, очните капаци се отечени или се појават други симптоми, како вртоглавица. Овој симптом на непријатност во окото, не толку ретко беше показател за сериозни болести, вклучувајќи автоимуни, нарушувања на движењето....

Дистонија, на пример, е медицински термин кој опфаќа низа нарушувања кои предизвикуваат мускулни грчеви и контракции. Постојат неколку подтипови на дистонија, но оние што најчесто се поврзуваат со грчењето на очите се блефароспазам и цервикална дистонија.

Цервикалната дистонија предизвикува грчење и навалување на мускулите на вратот на невообичаен начин, а во некои случаи ги погодува и двете очи. Иако дистонијата сама по себе не е фатална, проблемите што се појавуваат можат да бидат опасни по живот доколку се игнорираат.

Друга можна причина за грчење е абразија на рожницата - мала гребнатинка на предниот дел од окото поради повреда. Главниот симптом на абразија на рожницата е болка, но пациентите може да доживеат и чувствителност на светлина, црвенило и гадење.

Како да го запрете грчењето на очите?

Експертите од Националната здравствена служба велат дека овој симптом често поминува сам по себе за неколку дена или недели, но и постојат начини како да се спречи:

Обидете се да најдете начини да се опуштите;

  • многу одморајте;
  • истегнете и масирајте ги сите мускули што се погодени од грчењето;
  • обидете се да не размислувате за тоа, грчевите обично се безопасни, а грижата може да ги влоши.

Постојат и некои работи што не би требало да ги правите кога го имате овој симптом:

  • не консумирајте пијалаци со многу кофеин, како што се чај и кафе;
  • немојте да пиете многу алкохол;
  • немојте да престанувате да го земате пропишаниот лек без лекарски совет, дури и доколку мислите дека тој е причината за грчењето.
Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Здравје

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Кето диетата може да го забрза формирањето на „зомби“ клетки

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more
 

Магазин

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Читај повеќе

Кето диетата може да го забрза формирањето на „зомби“ клетки

Читај повеќе

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе