Швајцарија соопшти дека замрзнала руски имот во вредност од 7,9 милијарди долари поради руската инвазија на Украина.
Ова е најголемата вредност на руски средства замрзнати од таа земја досега.
Да потсетиме, Швајцарија е омилена дестинација на богатите Руси, кои поседуваат значителен имот таму. Досега има конфискувано 15 имоти во сопственост на Русија и Руси.
На швајцарските банки им е забрането да примаат депозити од руски граѓани или од лица и субјекти со седиште во Русија чиј износ е поголем од 100.000 швајцарски франци.
Владата во Берн застана на страната на Европската Унија по прашањето за санкциите против Русија воведени по инвазијата на Украина во февруари.