Шведскиот крал: Земјата не успеа да одговори на пандемијата на COVID-19

Шведска не успеа во одговорот на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска кралот Карл XVI Густав.

– Мислам дека не успеавме. Имаме голем број починати и тоа е страшно, истакна шведскиот крал.

Во Шведска, каде живеат околу 10 милиони жители, досега починале над 7.800 луѓе како последица на COVID-19, што е значително повеќе од соседните нордиски земји.

– Оваа пандемија е страшна кога ќе го земеме предвид бројот на смртни случаи, колку има тага и фрустрации во многу семејства, но и кај сопствениците на фирми кои се на колена, нагласи кралот Карл XVI Густав.

На прашањето дали тој се плаши од заразување со коронавирусот, 74-годишниот монарх изјави дека тоа „во последно време е се поопипливо“.

Според шведскиот Устав, кралот нема формална политичка моќ и при изразување на своите ставови многупати бил критикуван за пречекорување на овластувањата.

На почетокот на пандемијата, кралот Карл Густав и кралицата Силвија се самоизолираа во палатата Стенхамер, околу 120 километри југозападно од Стокхолм. Неодамна нивниот син, принцот Карл Филип, заедно со неговата сопруга, отидоа во карантин откако било потврдено дека се позитивни на COVID-19.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе