Шведскиот пристап против COVID-19 не успеа

Во текот на пандемијата, Шведска го привлече светското внимание поради „мекиот“ пристап против смртоносниот вирус. Ги отфрли сите вонредни рестриктивни мерки и препорача самоиницијативно ограничување и употреба на маски. Но, тоа не беше доволно.

Овој пристап беше оценет како либерален, а многу земји сакаа да го применат иако беше јасно дека степенот на смртност е голема. Мотивите на одлуката на Шведската агенција за јавно здравје да примени ваков пристап и денес се делумна мистерија, пишува US Daily.

Некои земји кои исто така ја користеа оваа стратегија се откажаа бидејќи се зголеми степенот на смртност, но Шведска остана верна на овој модел, надевајќи се дека земјата ќе стекне колективен имунитет. За стекнување колективен имунитет потребно е голем дел од популацијата да заболи, пожелно е младите да бидат заразени. Но, ова не беше официјалната цел на Шведската агенција за јавно здравје, но беше јавно искажан официјален став дека овој вид имунитет може да помогне во борбата со болеста, па сепак сè досега укажува дека токму тоа беше целта на Агенцијата.

Оваа јавна установа сè уште не препорачува носење маски во јавност и покрај сите докази на ефективноста на оваа мерка.

Одредени организации како СЗО го осудија колективниот имунитет како стратегија, поради високиот број на изгубени човечки животи. Без оглед дали колективниот имунитет е главна или споредна цел на шведската стратегија, остануваат фактите и лошите резултати.

Помалку од 10 проценти од Швеѓаните имаат антитела на коронавирусот, така што идејата за колективен имунитет е неуспешна. Во Шведска починаа повеќе луѓе отколку во САД, 556 смртни случаи на милион жители.

Во оваа земја исто така страдаа четири пати повеќе луѓе од сите останати нордиски земји заедно. Но, и покрај тоа стратегијата на државата останува засега неизменета. Можеби неспремноста да се признаат грешките и да се преземе одговорност за илјадници животи е главна причина што постои отпор да се воведат нови промени.

Во меѓувреме, шведските научници со писмо до јавноста велат дека оваа стратегија во Шведска доведе до смрт, страдање и тага, а над сè нема докази дека националната економија минала подобро отколку во другите земји. Тие се надеваат дека наскоро ќе биде откриена вакцина, а дотогаш им советуваат на другите земји да не ја применуваат шведската стратегија.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе