Симеон Дамевски реизбран за директор на Фестивалот „Браќа Манаки“

Досегашниот директор, актерот Симеон Мони Дамевски, на денешното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), со мнозинство гласови од присутните членови, повторно е избран за директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Дамевски ја извршуваше директорската функција од јуни 2021 година, а според статутот на ДФРМ, неговиот нов мандат ќе важи за следните две изданија на фестивалот во Битола.

Мони Дамевски презентираше извештај за минатогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера. Покрај тоа, тој најави и богата програма и реномирани гости на годинашното издание на „Браќа Манаки“, кое е планирано да се одржи во втората половина на септември.

Симеон Мони Дамевски дипломирал актерство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а магистрирал на Ратгерс, државниот факултет на Њу Џерси во САД, каде од 1990 до 1992 година бил и асистен по глума.

Во 40-годишната кариера играл в театар и на филм („Пред дождот“ и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ мегу другите), продуцент е на „Враќање“ и „Војната заврши“ на Митко Панов и на 6 документарци, а очекува и продукција на две негови филмски сценарија. Син е на еден од легендарните македонски актери, Дарко Дамески.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе