Симовски: Имавме два хакерски напади на системот за попишување, но успешно се одбиени

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека нивната веб-страница е под постојан напад на хакери и оти имало два обиди за хакерски упади на системот за попишување, кои успешно биле одбиени.

– Постојано е хакирана нашата веб-страница. Веројатно целта е корисниците да не бидат во можност да ги следат нашите информации. Во два случаи имавме обид за хакерски напад на самиот процес на пописот, но и двата се успешно одбиени. Не е предизвикана никаква штета. Немам сознанија од каде се, но знам дека денес може да се направи таков обид од било каде, а да не знаете од каде доаѓаат нападите, истакна Симовски синноќа во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24

Тој рече дека  има групации кои сакаат овој процес да не успее и јавно повикуваат граѓаните да не се попишуваат но, како што вели, не може да разбере зошто овие групации се против пописот.

Според Симовски, никаков политички субјект не вршел притисок врз нив како да се спроведе пописот.

– И власта и опозицијата дадоа поддршка на овој процес и тоа е добро. Таа политичка порака да се поддржи овој процес е апсолутно коректна. Она што професионално го работиме  е наша работа и никој не се обидел да се меша, рече Симовски.

Првиот човек на ДЗС вели дека досега повеќе од 600.000 граѓани се попишани. – Задоволен сум, но не ме прави комфорен и нема да бидам комфорен и нема да бидам се до последниот ден од пописот, посочи  Симовски.

Според него, само вчера се попишани над 100.000 граѓани. – Со ова темпо пописот ќе се забрза и очекувам на време да ги завршиме сите работи, додава Симовски.

Пописот, како што рече, може да покаже 1.800.000 граѓани, но не сакаше да прејудицира пред неговото завршување.

– Не би сакал да шпекулирам и очекувам дека ќе биде помал податокот од оној кој го имавме во 2002 година. Да почекаме, имаме уште малку време да го завршиме пописот и да завршиме со обработката на податоци и да излеземе со официјални резултати. Има некој индиции дека може да биде 1,8 или 1,9, но да не избрзуваме со прогнози, рече Симовски.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе