Симовски: Податоците за 132.000 лица се земени од регистрите, и тие се дел од пописот

За 132.000 лица кои не беа опфатени со теренското спроведување на пописот, податоците се преземени од регистрите и тие се дел од пописот, вели директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Симовски во гостување на „Утрински брифинг“ ги појаснува причините поради кои овие лица не биле опфатени со теренското попишување на статистичката операција.

– Тие 132.000 лица што се споменуваат се неопфатени со теренското спроведување на пописот. Никој не посакуваше да биде толкав број. Во случајов методот што го користевме поентата беше да не изоставиме никого и тоа го направивме. Причините за тие лица се неколку. Прво, спроведувавме попис во месец кога луѓето беа на одмор после пропуштено лето поради ковидот. Втора работа, кога се активностите во земјоделство и луѓето беа по нивите и доаѓаа доцна дома. Требаше да го продолжиме пописот и до 9 часот навечер, но не можете да натерате некој да се попише тогаш. Трета работа, имавме и сокриен бојкот, како и ковид-кризата, вели Симовски.

Според него, за овие лица се преземени податоци од регистрите и тие се дел од пописот, односно не се непопишани.

– Јас уште од старт говорев граѓаните да не подлегнуваат на лажните податоци. За жал, повеќе ги слушале тие кои притискаа за бојкот, мислејќи дека нема тоа да се случи, рече Симовски.

Тој информира дека попишувачите се враќале по неколку пати во домовите за да ги најдат граѓаните кои во моментот не биле присутни.

– Немаше станови во кои живеат по 30 луѓе. Се проверуваше, се оставаше информација дека бил попишувачот и порака за контакт за понатаму. Ние не можевме да упаднеме во становите со сила, потенцира првиот човек на ДЗС, Апостол Симовски.

Remote video URL
Тагови
реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе