Симовски: Пописот успешен, конечните резултати до крајот на март идната година

Пописот 2021 успешно се заврши и покрај сите неповолности. Сега треба да ги обработиме податоците и крајот на март, почетокот на април идната година да излеземе со конечните податоци од пописот, што е полесниот дел од работата, бидејќи зависи само од нас, без надворешни фактори, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во своето обраќање, на денешната панел дискусија за Пописот 2021, во организација на ЦИВИЛ.

Клучната работа, според Симовски е дека покрај сите неповолности како што е пандемијата, одложувањето поради политички причини, летните одмори, отворената кампања за бојкот, како и техничките проблеми со апликацијата и тоа што бевме постојана цел на хакерски напади, пописот е успешно спроведен.

– Со самото спроведување на пописот, како институција, се надевам дека покажавме, дека може да се враќа вербата во институциите во државата. Дека постојат институции кои што функционираат како што треба, дека не сме класична бирокртија и дека постоиме за другите, изјави Симовски.

Според Симовски, пописот бил спроведен со почитување на сите здравствени протоколи и потврда за тоа е што само осум попишувачи заболеле.

– Речиси пет илјади луѓе беа вклучени во целата операција. Осум попишувачи заболеа од ковид во оваа операција и немаме досега добиено информација дека кое било домаќинство имало проблем во овој дел, дека некој да заболел затоа што попишувачот го пренел, и само еден државен инструктор во домашни услови го стекна. Тоа покажува дека ги следевме максимално поставените протоколи и тие биле навистина добри, изјави Симовски.

Симовски, уште еднаш изрази уверување, дека нема да остане ниту еден човек што нема да биде дел од конечните податоци од пописот, нагласувајќи дека нивна цел била сите да бидат опфатени со теренскиот дел, што ќе се знае откако ќе се заврши со прочистување на базата.

– Нашата обврска како институција е сите субјекти во државата да добијат навремена, квалитетна и точна информација, врз основа на кои што ќе креираат квалитетни политики, на развој, образование, економија и итн, изјави Симовски.

Потпретседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Габриела Кулебанова, порача дека правењето и имањето попис е многу значајна алатка за бизнис заедницата, во однос на демографските промени и потенцијалот врз кој се прават анализите за понатамошните економски текови во државата.

– Забелешката дека ние во државата немавме попис 19 години. Пропустот што од политичка волја немавме попис, е проблем на нашата држава. Тука ние изгубивме многу и затоа немавме толкав напредок, колку што можевме да имаме, и на економски план. Не смееме да си го дозволиме ова во иднина, изјави Кулебанова.

Важноста на Државниот завод за статистика во секоја држава, нагласи Кулебанова, е клучен момент за секакви планирања, особено за нас како комора, затоа што тука треба да ја добиеме сликата и врз база на тоа да направиме план каде сме сега и што треба да одиме понатаму.

Настанот е дел од проектот „Граѓански објектив“ кој ЦИВИЛ го спроведува со финансиска поддршка од Националната фондација за демократија. 

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Македонија

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Read more

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Read more

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Read more
 

Вести

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Читај повеќе

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Читај повеќе

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Читај повеќе

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Читај повеќе

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Читај повеќе

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Читај повеќе

Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Читај повеќе

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Читај повеќе