Симовски: Системот се рестартира за да нема проблеми во процесот на попишување

Од почетокот досега попишани околу 150.000 лица, информираа денеска надлежните од Државниот завод за статистика. Директорот Апостол Симовски и заменик директорот Иљми Селами денеска ја посетија регионалната пописна комисија за Куманово и Старо Нагоричане.

Директорот на Државниот завод за статистика Симовски вели дека се прави апдејт и рестартирање на процесот за да се отстранат какви било проблеми во иднина.

– Моите информации се дека се прави апдејт на тоа што вчера се работи и рестартирање на целокупниот процес за да се избегнат какви било падови што може да се сторат со она прекинување на работата на вчерашниот ден и дека немаме проблем во однос на тој дел сега. Денешното рестартирање на процесот е да нема вакви случаи во целиот процес затоа го рестартираме, она што вчера ни се случи тој технички проблем, најдено е решението и се прави ова за да го нема тој проблем. Системот беше прекинат заради тоа што се рестартира. Секогаш кога работите со технологија, можни се вакви случаи тие беа предвидени однапред и затоа има цела екипа и од провајдерот на апликативното решение и од провајдерот на интернет конекцијата, постојана екипа којашто е спремна да интервенира, луѓето интервенираа и еве се отклонуваат работите,изјави Симовски.

Досега не е изречена ниту една казна, вели Симовски кој се надева дека нема да биде изречена ниту една до крајот на процесот. За лицата кои се во изолација, попишувачите ќе добијат адреси и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот, според протоколите или ќе се договорат и ќе почекаат додека лицето излезе од изолација.

Тој оцени дека има добар прием кај населението, работите и во овој регион се одвиваат без проблеми. Во Куманово има доволен број попишувачи. Претседателот на пописниот реон за Куманово и Старо Нагоричане, Александар Гелевски, рече дека пописот во реонот се одвива регуларни, ангажирани се 310 лица, од нив 258 реонски попишувачи, 26 реонски инструктори и 26 како резервни попишувачи.

Тагови
реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Македонија

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Read more

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more
 

Вести

Фрагментирана интроспекција – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Читај повеќе
  • filter

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Читај повеќе

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

Читај повеќе

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Читај повеќе

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе