Симптом на рак на дојка што можеме да го забележиме кога ставаме дезодоранс

Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жената кое е во пораст, особено последниве две децении. Може да се јави во секоја животна возраст. Во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски.

Во Република Северна Македонија кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010 – 2017 година е рак на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година до 26,9 во 2017 година на 100.000 жени.

Иако може да се појави на која било возраст, дури и кај многу млади жени, над 80 проценти од новите случаи се постари од 50 години. Како и кај секој карцином, неопходно е да се реагира на ракот на дојката веднаш штом ќе се појават првите симптоми.

Потребно е долго време за една клетка во дојките да стане канцерогена и да формира тумор и затоа потребен е експерт да ја открие за време на испитување или радиолошки преглед. Генерално, жените можат да забележат грутка која достигнува до 1 см преку самопреглед. Денес повеќето од пациентите кои имаат карцином на дојка го откриле преку овој метод. Канцерогените грутки генерално се тврди, со неправилен облик, кои не може да се поместат во градното ткиво. Доколку карциномот веќе се проширил на другите органи (метастази), овие наоди не се први наоди за карцином на дојка. Најчестите делови во кои се шири карциномот на дојка се колкот, ‘рбетот, белите дробови и црниот дроб.

Сепак, кај некои пациенти не е присутен ниту еден од овие симптоми и карциномот може да се открие само со мамографија. Ако е присутен најмалку еден од подолу наведените симптоми, треба да посетите доктор:

  • Доколку чувствувате грутка во дојката или во пазувите (отекување или вкочанетост),
  • Исцедок од брадавиците (крвав или безбоен од еден канал),
  • Свиткани или повлечени брадавици или промени во нивниот облик,
  • Промени на кожата на брадавицата (лупење),
  • Модринки или осип на кожата на дојката,
  • Едем, отекување и лупење на кожата на дојката,
  • Раст, промени во обликот или асиметрија на дојките или промена на бојата (црвенило и сл.).

Иако грутка на градите обично е еден од симптомите поради кои жените се сомневаат во рак на дојка, постои уште еден предупредувачки знак кој се јавува на самиот почеток. Како што објаснуваат лекарите, жените најчесто го забележуваат кога ставаат дезодоранс, а тоа е оток или болка под пазувите.

Тоа е затоа што ткивото на дојката понекогаш достигнува сè до пределот на пазувите. Грутката што ја почувствувале жените под пазувите може во реалноста да биде грутка во дојката, а исто така може да значи дека ракот на дојката веќе почнал да се шири на лимфните јазли во нашата пазува. Други невообичаени показатели за рак на дојка вклучуваат силни главоболки, сува кашлица и неочекувано губење на тежината.

Тагови
реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе