Синдикатите и МЗ се договорија: По 3 илјади денари за сестрите, по 2 за останатите

Синдикатите од здравство кои неколку часа пред најавениот протест беа на средба во Министерството за здравство постигнаа договор.

– Се договоривме. По 3 илјади денари за сите сестри и по 2 илјади денари за сите останати од помошно-техничкиот персонал, администрација, доктори, сите вработени во здравството да имаат бруто покачување со мартовската плата, изјави Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на Клинички центар по состанокот со заменик-министерката за здравство и шефот на Кабинет на министерот за здравство. 

Серафимовски рече дека и од Министерството за здравство треба да излезат и да го потврдат овој договор.

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, рече дека со притисок се успеало да се дојде до изнудување на потпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност. Тој нагласи дека со неговото непотпишување ќе се доведеле во ситуација 11 илјади вработени во здравството да бидат изедначени со минималната плата.

– Очекуваме дека денешниот договор во најкраток период, во тек на наредната недела, ќе биде и официјализиран со потпишување, рече Каранфиловски.

Инаку, членови на двата синдиката, денеска одржаа протест пред Министерството за здравство.

реклама

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе