Сите пациенти годинава ја добиле препишаната доза и терапија, тврди директорката на Онкологија

Директорката на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Виолета Клисаровска, вели дека како организациски тим тие се целосно достапни на надлежните и истражните органи со цел за брзо откривање на виновниците во однос на случајот со Онкологија. Таа апелираше надлежните институции, да донесат одлука и ако има виновници истите да ги именуваат.

„За нашата клиника ова е од непроценлива, огромна важност. За да се офтрли т.н. колективна вина која сега се наведнува над целата наша институција, односно над целиот медицински тим што ја руши довербата пациент-лекар што директно се одразува врз здравјето на граѓаните. Стручниот колегиум на клиниката најостро осудува секое несовесно и нестручно работење со молба и апел кон сите, надлежните и медиумите, да не се генерализира проблемот“, порача Клисаровска.

„Од дното на душата сакам да се открие, вината да добие име и презиме и пациентите да ја вратат довербата“, рече таа.

Таа тврди дека откако е на функција, период од ноември 2022 година дека секој пациент ја добивал препишаната терапија согласно индикацијата, дозата, типот на лекот според тоа што неговиот соодветен лекар тоа ќе го поставел и без никаква манипулација со лековите.

„Имавме информации и сомнежи за манипулации со лекови. Кога јас станав директорка на Клиниката на онкологија и радиотерапија подигната е безбедноста на патеката на лековите, од влез на клиниката до пациентот. Сестрата која ја фативме во повторен обид за кражба на лекови веднаш доби отказ“, истакна Клисаровска.

Remote video URL
Тагови
реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Македонија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more
 

Вести

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе