Скандал во Динамо: Во авионот прошверцувалe хулиган од Атина

Убиецот на 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, сѐ уште не е пронајден.

Хрватскиот магазин Nacional, тврди дека Динамо долго време крие едно нешто во врска со овој шокантен случај од август во Атина.

Имено, новинарите на магазинот од извор близок до челниците на Динамо дознале дека клубот е на „игли“ повеќе од еден месец од страв да не протече информација во јавноста за тоа дека на враќањето од Атина, во авионот на Динамо имало „слеп патник“.

Според Nacional, во делегацијата на Динамо која отпатувала во Атина имало 64 члена, од Атина во Загреб се вратиле 65.

Наводно „слепиот патник“ бил еден од членовите на Бед Блу Бојс, а делегацијата му дала облека на Динамо, а потоа го качила во чартерот и го вратила во Загреб.

Станува збор за Дино Кордиќ, син на Жељко Кордиќ, инаку функционер и заменик во Собранието на Динамо.

Во Атина, Кордиќ ѝ се јавил на првата дама на Динамо, Влатка Перас, а таа испратила двајца мажи да го земат, што тој ѝ го потврдил на полицијата, пишува хрватскиот магазин.

Пред да го земат, Кордиќ по масовна тепачка се сокрил во грмушките, а таа сцена како што пишува магазинот, делувала како да е од филм.

Да потсетиме, Кацурис беше убиен во масовна тепачка меѓу навивачи пред натпреварот меѓу АЕК и Динамо во квалификациите за Лигата на шампионите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе