Скок на кинеските берзи по средбата Бајден-Си, доларот зајакна, цената на нафтата падна

На азиските берзи се тргуваше претпазливо во вторникот, додека кинеските берзи силно пораснаа поради надежите за намалување на тензиите меѓу САД и Кина, по разговорите меѓу претседателот Џо Бајден и Си Ѓинпинг.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,7 отсто околу 19 часот.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 1,3 и 3,2 отсто. Во Австралија и Јужна Кореја, пак, тие се лизнаа за околу 0,1 отсто.

Силниот раст на берзанскиот индекс на Хонгконг во голема мера беше поттикнат од закрепнувањето во технолошкиот сектор бидејќи инвеститорите се надеваа на смирување на тензиите меѓу САД и Кина по разговорите меѓу Бајден и Си на состанокот на Г-20 во Бали.

Можно ново забавување во Кина

Растот на кинеските пазари е и благодарение на пораките на тамошните власти за стимулации на економијата. А дека е потребна поддршка покажуваат низата неодамнешни економски показатели. Така, на пример, утринава беше објавено дека потрошувачката во октомври паднала на годишна основа, додека индустриското производство пораснало помалку од очекуваното.

Можно е дополнително забавување на активноста бидејќи некои кинески градови повторно би можеле да воведат рестриктивни мерки за борба против COVID-19 поради зголемениот број на луѓе заразени со вирусот. Како резултат на тоа, како и падот на Волстрит, повеќето азиски пазари се тргуваат претпазливо. Dow Jones вчера загуби 0,6 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,9 отсто, а Nasdaq индексот 1,1 отсто.

По силниот раст во последните два дена од минатата недела, во понеделникот на пазарот се смири, а индексите загубија дел од своите добивки.

Тоа делумно се должи на предупредувањето на гувернерот на ФЕД, Кристофер Валер, дека пазарот претерал со само еден податок и дека ќе бидат потребни низа послаби извештаи за инфлацијата за централната банка да ја тргне од сопирачката.

„Берзите сега треба да се концентрираат на крајната точка на зголемувањето на каматните стапки, а не на темпото на какво било зголемување, и таа крајна точка веројатно е сè уште далеку“, рече Валер.

Дали каматните стапки во САД ќе пораснат на 5%?

Минатата недела податоците за забавувањето на инфлацијата во САД во октомври од септемвриските 8,2 на 7,7 отсто на годишна основа предизвикаа силен раст на цените на акциите на Волстрит и на другите големи светски берзи. Сепак, еуфоријата стивна бидејќи се очекува дополнително зголемување на каматните стапки на централната банка, иако со побавно темпо од претходно.

„Има смисла што пазарот одлучи да паузира за да ги разгледа можните следни потези на ФЕД и да видиме кој ќе биде следниот двигател на пазарот“, рече Јунг-Ју Ма, стратег во BMO Wealth Management.

Откако ФЕД на почетокот на ноември четврта сесија по ред ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени, аналитичарите очекуваат темпото на зголемување на каматните стапки да се забави до 0,50 процентни поени во декември.

Но, поважното прашање е до кое ниво на крајот на циклусот на затегнување на монетарната политика ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки - на 4,75 или дури 5,00 проценти? Во моментов клучните каматни стапки се движат од 3,75 до 4 отсто, што е највисоко ниво од почетокот на 2008 година.

Доларот благо зајакна, цената на нафтата падна

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна втор ден по ред, откако минатата недела падна за речиси 4 отсто.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,99 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,90 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 139,50 на 140,15 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0320 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0310 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,35 отсто, на 92,80 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,68 отсто, на 85,30 долари.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе