Хроника

Скопјанец застрелан во кражба на Бит Пазар

10. ноември 2019 - 12:09 | МИА

Скопје, 10 ноември 2019 (МИА) – Во СВР Скопје вчеравечер, околу 20 часот, била пријавена кражба на улица „192“ на Бит Пазар.

Во текот на кражбата бил испукан куршум од пиштол кој завршил во ногата на скопјанецот А.Ш. (42).

Како што денеска информира Министерството за внатрешни работи, повредениот бил префрлен во болница каде му била констатирана повреда на стапалото и по укажната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Возилото во кое е извршена кражбата е обезбедено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај