Скопјани колатерална штета на препукувања, Арсовска вели не преговара со луѓе што уценуваат

Скопјани остануваат заложници и колатерална штета на препукувањата меѓу градоначалничката Данела Арсовска и приватните превозници. По синоќешното гостување на Арсовска во емисијата „Топ тема“, се чини дека многу е веројатно сценариото блокада на Скопје в петок со 200 автобуси што го најавија приватните превозници.

„Не се преговара со луѓе што уценуваат и навредуваат и кои тоа го прават зашто вистината не е на нивна страна. Нема да се подлегне на закани и уцени“, рече градоначалничката Арсовска за тоа дали ќе има договор со приватните превозници кои дадоа рок до петок или повторно ќе го блокираат сообраќајот во главниот град. Во меѓувреме, главниот град кубури со јавен превоз и граѓаните се револтирани и беспомошни во напорите да стигнат до своите работни места навреме.

Арсовска порача дека Министерството за внатрешни работи е одговорно  да го регулира сообраќајот и дека има позадина тоа што некој сака да направи привид на хаос.

„До каде ќе стигнеме ако секој што има возило или автобус излезе и блокира. Секој ќе си го дозволи истото. Овој проблем бара системско решение кое изгледа некому не му одговара“, рече Арсовска во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Таа ги негира обвинувањата на приватните превозници дека ЈСП им должи 1 милион евра и праша зошто ако е така не е поднесена опомена пред тужба. Смета дека тоа е „индиција за нешто“.

Рече дека ЈСП им има исплатено околу 156 милиони денари на приватните превозници – 111 милиони на „Слобода превоз“ и 45 милиони на „Макеспрес“ и дека од 2018 во приватните автобуси не се продавале билети.

Детектирани се состојби, рече таа, кои не соодветствуваат со тоа што е на терен и затоа ќе има сериозна истрага и ревизија.

„Има институции, како УЈП и Финансиската полиција, кои се надлежни за тоа“, додаде градоначалничката.

Таа посочи дека со новиот јавен повик за приватните автобуски превозници, кој го најави Град Скопје, ќе може да се пријават тие што сакаат да работат и чесно да заработуваат.

Таа смета дека приватните превозници со најавите за блокада на Скопје сакаат да направат „привиден хаос“.

„Договорите не се раскинати по наша вина, туку затоа што некој не си ги почитувал одредбите на оној договор што го имал склучено. Ние како Град Скопје понудивме на секој што сака да работи чесно, ќе му овозможиме по нов јавен повик под соодветни услови и директно да може да си равботи. Ова што го видовме со овие здруженија и со ова што се случуваше во изминатите месеци е далеку од тоа, рече Арсовска и додава дека „колатералната штета кој некој ја предизвикува кон граѓаните има име и презиме, а тоа не е во Градот Скопје“.

„На закани и уцени нема да се подлегне под ниту една цена. ЈСП им има исплатено отприлика 156 милиони денари, заклучно до последниот месец за кој се обраќале. Тоа се тековни работи што им се исплаќаат на овие здруженија“, кажа градоначалничката.

Таа ги негира обвинувањата на приватните превозници дека ЈСП им должи 1 милион евра и праша зошто ако е така не е поднесена опомена пред тужба. Смета дека тоа е „индиција за нешто”.

Ако во меѓувреме нема преговори и договор со Градот, директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски најави дека в петок ќе има масовни блокади на Скопје со 200 автобуси.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе