Скопје ќе почека: Достава со карго-велосипеди е новото нормално во Прага

Александра Спасеска
/ 11.01.2021 / 16:31

Прага се придружува кон градовите кои ја поттикнуваат доставата со карго-велосипеди.

За време на корона-кризата се зголемија онлајн нарачките, а Градот Прага со цел да го релаксира јавниот простор во центарот од доставата со тешки возила, на местото на паркинг од само 30 автомобили го формира претоварниот логистички центар за карго-велосипеди кој засега ќе го користат 7 компании за достава, а ќе се приклучат уште 4.

Депото има загреани простории за куририте, мала кујна, тушеви, универзален полнач за е-велосипеди и сервис за велосипеди. Ќе работи како пилот проект 6 месеци и ќе биде регуларно евалуиран.

Има планови и за експанзија во пролетта 2021 со логистички хаб со автоматизирани шкафчиња за пратки. Ако операцијата е успешно оцената и од Градот и од логистичките компании, идејата е да се воведат поголеми рестрикции за достава со камиони во историскиот центар на Прага.

Веста ја споделија од #НаТочак, групата ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје, кои продолжуваат со активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство.

Како се намалува метеж во градовите, меѓу другото?

Со регулирање на термините на доставата на добра.

Како уште подобро се регулира доставата?

Со намалување на возилата за достава во последниот километар.

Поттикнување на достава на стока и услуги во последен километар со карго велосипеди го има како мерка и во Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 на Град Скопје, но досега не е ништо направено на овој план.

НаТочак достави предлог-амандман за буџетот на Град Скопје за 2021 за поттикнување на достава со карго велосипеди, но не беше прифатен.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе