Скопје со најмногу активни случаи

За 24 часа во земјава регистрирани се 118 нови случаи со COVID-19. Најмногу нови случаи има во Скопје – 55, Тетово – 20, Охрид и Куманово по девет случаи, Ресен – пет, Прилеп – четири, Струга, Велес и Струмица по два случаи.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа четири лица од Скопје – пациент (58 г.) примен на 9 јуни, пациент (73 г.) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73 г.) примена во болницата на 22 јуни. Почина и пациент (72 г.) на 21 јуни, а потврден е неговиот позитивен резултат.

Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4,

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројот на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти од кои на кислородна поддршка се 46 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на COVID-19.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Меѓу скопските општини, Чаир е сè уште на  врвот на листата со најголем број активни случаи (402), а следуваат Гази Баба (150), Бутел (138), Сарај (137), Аеродром (136), Центар (131).

реклама

Мажите во овие хороскопски знаци ќе ве разочараат во кревет

Read more

Фитнес експерт до почетници во вежбањето: Учете од моите грешки

Read more

Паднаа Facebook и Instagram – дали забележавте проблеми?

Read more

Колку чинат моделите од новата Mercedes С класа?

Read more

Македонија

Нови 144 случаи, 8 лица починаа од COVID-19

Read more

Заев за бугарскиот меморандум: Владата останува пријателски насочена кон Бугарија

Read more

Ангелов: Ние Македонците сме староседелци од антиката

Read more

Заев: Субвенции ќе има за сите етнички заедници

Read more

Вести

Аргентина станува жариште на COVID-19 во Латинска Америка

Читај повеќе

Нови 144 случаи, 8 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

ОЈО Скопје оцени дека нема основа да постапува за „Теретана“

Читај повеќе

Заев за бугарскиот меморандум: Владата останува пријателски насочена кон Бугарија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ангелов: Ние Македонците сме староседелци од антиката

Читај повеќе

Заев: Субвенции ќе има за сите етнички заедници

Читај повеќе

Филипче: Не е точно дека сите хронично болни се враќаат на работа

Читај повеќе

Тешко повреден велосипедист во Скопје

Читај повеќе

Регистрирани 533 прекршоци за неносење маски

Читај повеќе