Скоро 80 ​​проценти од Американците веруваат дека Бајден победил

Скоро 80 ​​проценти од Американците, многу од нив републиканци, го признаваат Џо Бајден за нов претседател откако медиумите го прогласија за победник заснован на водството во клучните држави на изборите на 3 ноември, покажа истражувањето на Reuters/Ipsos.

Бајден освои 279 гласови од Изборниот колеџ, наспроти 214 колку што освои сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Бајден освои 76,3 милиони гласови или 50,7 проценти од гласовите, а Трамп 71,6 милиони и 47,6 проценти од гласовите.

Анкетата на Reuters/Ipsos спроведена од 7 до 10 ноември, покажа дека 79 проценти од возрасните Американци веруваат дека Бајден победи на претседателските избори.

Три проценти веруваат дека Трамп победил.

За 13 проценти од испитаниците изборите сè уште не се решени, а пет проценти од испитаниците немаат мислење за тоа кој победил на изборите.

Скоро секој демократ и околу 60 проценти од републиканците веруваат дека Бајден победил.

Edison Research, истражувачката агенција која спроведува анкети за Reuters и други медиуми, во саботата објави дека Бајден победил на изборите во САД, откако го зголеми водството пред Трамп во една од клучните држави - Пенсилванија.

Трамп не го признава поразот и тврди без докази дека имало масовна измама на изборите.

Според анкетата, 70 проценти од Американците, вклучувајќи 83 проценти од демократите и 59 проценти од републиканците, им веруваат на нивните локални изборни комисии дека чесно си ја работат работата.

Истражувањето покажа дека 72 проценти од испитаниците сметаат дека губитникот мора да признае пораз, а 60 проценти веруваат дека Трамп ќе ја предаде власта мирно во јануари.

Истражувањето опфатило 1.363 испитаници.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе