Славјанка Петровска ќе го тужи пратеникот Ковачки за навреда и клевета

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието најави тужба против пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за навреда и клевета, откако тој ѝ постави прашање за наводно криење имот во Радишани.

– За разлика од пратеникот, јас ги имам сите документи и договори последователни од првиот ден до денес кои се водат на име на тој имот. Кога ова ќе го видите, а ова ќе дојде до вас бидејќи ќе биде дел од тужбата што веќе ја спремив, а ќе ви биде поднесена за навреда и клевета, рече Петровска обраќајќи му се на пратеникот Ковачки.

Таа додаде дека во тужбата се наведени сите докази и, како што кажа, апсолутно нема да има ништо против тој судски процес да го следи и јавноста.

– Има рок од три месеци, не брзајте, и ќе ви требаат уште три месеци да ги изанализирате овие официјални документи, вклучително и мапата и имотниот лист кој за разлика од лажниот документ кој вие го поднесовте, а е евиденционен лист и тоа сите го знаат дека не е јавна исправа, туку имотниот лист е јавна исправа ќе ви каже адвокатот кој ќе си го ангажирате за оваа тужба и ќе видите дали ја зборувам вистината или не, рече Петровска, додавајќи дека тој имот на кој се води адресата која Ковачки ја цитира не соодветствува со адресата на хациендата.

Му порача и дека ќе треба да се извини и на семејството кое, како што посочи, „е совесен и чесен сопственик на тој имот и си ја има изградено, за сите тие невистини дека станува збор за дивоградба“.

Второто прашање на пратеникот Ковачки беше упатено до премиерот Димитар Ковачевски, а се однесуваше на тоа дали планира да достави предлог за разрешување на министерката за одбрана Петровска. Ковачевски нагласи дека нема да побара никаква одговорност од нејзе бидејќи според него „таа е еден од најдобрите министри кои ги има Владата и најдобрите министри за одбрана во историјата на нашата држава“.

– Таа управува со Министерство за одбрана на земја-членка на НАТО и тоа управува на начин оценет со највисоки оценки од сите земји-членки на НАТО и тоа може да се види во сите извештаи кои се наоѓаат во централата на НАТО во Брисел. Таа управува со Министерство за одбрана кое од сите земји-членки на НАТО најбрзо ја има направено воената интеграција во системот на НАТО и има изградено највисоко ниво на доверба и односи со земјите-членки и со стратешките партнери за што сведочат и одлуките кои тие ги носат, а меѓу кои последната е финансиска помош од САД во износ од 80 милиони долари за Министерството за одбрана, рече Ковачевски.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе